2.8 C
Скопје
03:11 - 24 декември, 2024

Ноторни лаги се изјавите дека сме лидери по смртност и по новозаразени

Трета по ред седмица имаме значајно зголемување на бројот на новозаразени лица. Да им посакаме на сите носители на ковид-19 брзо оздравување. Во продолжение се споредби (наши соседи и нивни први копнени соседи, плус Словенија) за изминатава седмица, а за некои индикатори кумулативно за три седмици. Влезните податоци за пресметки се собрани порано од глобалниот тракер „Ворлдметерс“.

Вкупен број заразени лица од почетокот на кризата:

1.Турција: 186.493, 2. Романија: 23.730, 3. Србија: 12.803, 4. Македонија: 5.005, 5. Унгарија: 4.086, 6. Бугарија: 3.872, 7. БиХ: 3.273, 8. Грција: 3.256, 9. Хрватска: 2.299,
10. Албанија: 1.891, 11. Словенија: 1.519, 12. Косово: 1.486, 13. Црна Гора: 359. На индикаторот влијае бројот на направени тестови на кој се осврнувам подолу.

Вкупен број новозаразени лица за три седмици (распределен за три седмици):

1.Турција: 23.390 – силен линеарен раст седмично и експоненцијален раст за три седмици (безмалку со фактор 3), 2. Романија: 4.597 – безмалку експоненцијален раст минатата седмица и експоненцијален раст за три седмици (со фактор 3), 3. Македонија: 2.841 – силен континуиран линеарен раст и експоненцијален раст за три седмици (со фактор близу 3), 4. Србија: 1.422 – силен линеарен раст со стабилизирање последнава седмица и експоненцијален раст за три седмици (со фактор близу 3), 5. Бугарија: 1.373 – експоненцијален раст за три седмици (со безмалку фактор 3) и со стабилизирање последнава седмица (линеарен раст), 6. БиХ: 779 – експоненцијален раст за три седмици (со фактор безмалку 6) и силен линеарен раст последнава седмица, 7. Албанија: 769 – експоненцијален раст за три седмици (со фактор 6) и безмалку удвоен број новозаразени минатата седмица, 8. Косово: 422 – експоненцијален раст за три седмици (со фактор над 2) и линеарен раст последнава седмица, 9. Грција: 341 – експоненцијален раст за три седмици (со фактор над 4) со стабилизирање и линеарен раст последнава седмица, 10. Унгарија: 219 – единствена со тренд на опаѓање на новозаразени, 11. Хрватска: 53 – мал број новозаразени со раст минатата седмица, 12. Словенија: 46 – мал број новозаразени со раст минатата седмица, 13. Црна Гора: 35 (35 новозаразени последнава седмица).

Македонија е трета по број на новозаразени лица

Секаде каде што има експоненцијален раст во изминативе три седмици, има и зголемен притисок на здравствениот систем. Во принципиелно дефиниран поширок регион, Македонија е трета по број на новозаразени лица, што секако не е добро, но е демант дека сме први во регионот, во Европа, и меѓу првите на планетата и дека нашиот експоненцијален раст е највисок во споредба со другите. На индикаторот влијае бројот на направени тестови.

Според вкупно направени тестови на 1 милион жители (за Косово немам податок), во заграда е број на тестови направени за изминатите три седмици на 1 мил. жители:

1. Словенија: 45 000 (или 45К, К=1.000 тестови) (2.000 + 2.000 + 3.000), 2. Србија: 38К (3.000 + 4.000 +4.000),  3.Турција: 34К (4.000 + 3.000 + 4.000), 4. Романија: 32К (3.000 + 3.000 + 4.000), 5. Унгарија: 26К (2.000 + 2.000 + 3.000) и Грција: 26К (1.000 + 5.000 + 3.000), 7. БиХ: 24К (2.000 + 2.000 + 1.000) и Македонија: 24К (3.000 + 3.000 + 4.000) 9. Црна Гора: 13К (+3.000 + 1.000 + под 1.000 тестови) вкупно, или на 1 мил. жители еквивалент на 21K (Црна Гора има 630.000 население), 10. Хрватска: 17К (под 1.000 тестови + 1.000 + под 1.000 тестови ), 11. Бугарија: 16К (2.000 + 1.000 + 2.000)
12. Албанија: 7К (под 1.000 тестови + 1.000 + 1.000)

Најмногу тестови во изминатава седмица имаат направено Македонија, Србија, Турција и Романија. Најмалку тестирале Хрватска и Црна Гора. За период од три седмици најмногу тестови имаат направено Србија и Турција и потоа следува Македонија. Албанија има направено 20.196 теста вкупно од почеток на кризата!?

Според процент на вкупно заразени (од почеток на кризата) од вкупно население во секоја држава.

1. Македонија: 0,25 отсто, 2.Турција: 0,22%, 3. Србија: 0,18%, 4. Романија: 0,12%, 5. БиХ: 0,09%, 6. Косово: 0,08%, 7. Словенија: 0,07%, 8.Албанија: 0,06%, 9. Хрватска, Црна Гора, и Бугарија: 0,05%, 12. Унгарија: 0,04%,  13. Грција: 0,03%. На овој индикатор влијае бројот на направени тестови. Видете погоре, Албанија, Бугарија и Хрватска, споредбено со другите, имаат прилично помал број направени тестови, особено Албанија. Сепак, според овој индикатор (колку сме дозволиле заразата да се прошири), најлош комбиниран одговор на државата (сет од мерки/капацитети) и општеството (колку ги почитувало мерките – за мене второво е позначаен фактор), за жал, во моментов имаме ние па Турција, а најдобар одговор има Грција. Крајно време е нешто посеопфатно и подлабоко да се преземе од аспект на однесување на населението (да се работи директно со него, да се води континуирана добро осмислена кампања) но и да се насочи поефикасно одговорот на државата со цел супресирање на бројот на новозаразени лица, а ОСОБЕНО ОПШТИНСКИОТ ОДГОВОР (да се дадат повеќе средства и овластувања на општините).

Според стапката на смртност од акутна инфективна болест (како процент на починати од сите заразени) со споредба за една седмица:

1.Унгарија: од 13,75 отсто – раст на 13,95%, 2. Словенија: од 7,30% пад на 7,17%, 3. Романија: од 6,43% пад на 6,32% 4. Грција: од 5,88% пад на 5,83%, 5. БиХ: од 5,63% пад на 5,16%, 6. Бугарија: од 5,26% пад на 5,13%, 7. Хрватска: од 4,75 % пад на 4,65% и Македонија: од 4,59% раст на 4,65%, 9. Турција: од 2,71% пад на 2,64%, 10. Црна Гора: од 277% пад на 2,50% 11. Албанија: од 2,45% пад на 2,27%, 12. Косово: од 2,33% пад на 2,22%, 13. Србија: од 2,06% пад на 2,03%.

На што се должи високата стапка на смртност

Изминатава седмица раст на стапка на смртност (леталитет/ Case Fatality Rate) има само во Унгарија и, за жал, во Македонија. Една од ноторните лаги што кружат по медиуми и во изјави на политичари е дека сме први во регионот. Македонија на оваа трагична листа е всушност седма. Се манипулира со пресметување стапка на смртност на 1 милион население, која е соодветна за хронични, а не за акутни заразни болести. Иако пресметување на леталитет како Case Fatality Rate не е совршен метод поради тоа што не го знаеме точниот број на заразени (поради ограничено тестирање), сепак, оваа стапка е далеку попрецизна отколку да претпоставите дека 1 милион жители се заразени. Има модели кои прават пресметки на 1 милион жители, кај епидемиолозите на тој начин се мери оптовареноста на населението од болест (не и леталитет на вирус), а економистите ги прават тие споредби, бидејќи е полесно да се врзат со трошоци пер капита.
Нареден момент на кој треба да се обрне внимание е дека ние правиме постмортем тестови, а другите држави претежно тоа не го прават. И покрај јасните протоколи на СЗО, не сите држави ги почитуваат. Глобалната стапка на смртност (case fatality rate) во моментов е 5,23%.  Најголеми стапки на смртност глобално имаат следниве држави: 1. Франција (18,50%); 2. Белгија (16,01%); 3. Италија (14,52%); 4.Обединетото Кралство (14,05%) и Унгарија (13,95%).

Според број на активни случаи (неоздравени лица) во моментов (споредба за две седмици):

1.Турција: од 29.227 пад на 21,798 и раст на 22,738, 2. Романија: од 4,549 раст на 4,650 и раст на 5,495, 3. Македонија: од 1,124 раст на 2.011 и раст на 2,868
4. Грција: од 1,426 раст на 1,555 и раст на 1,692, 5. Бугарија: од 1,006 раст на 1,371 и раст на 1,646, 6. Србија: од 437 раст на 650 и раст на 1,032, 7.Унгарија: од 1,166 пад на 1,029 и пад на 931, 8. БиХ: од 479 раст на 611 и раст на 863. 9. Албанија: од 269 раст на 389 и раст на 722, 10. Косово: од 279 раст на 374 и раст на 500, 11. Словенија: од 16 раст на 24 и раст на 51, 12. Хрватска: од 22 пад на 10 и раст на 50, 3. Црна Гора: 35 активни случаи од изминатава седмица.

Пад на активни случаи изминатава седмица има само во Унгарија. Турција пред една седмица декларираше над 15.000 оздравени, а Србија пред две седмици 4.000 оздравени. Овој индикатор треба да го земеме со резерва, бидејќи не сите држави на идентичен начин прогласуваат инфицирано или заболено лице за оздравено. Ние тестираме двапати пред тоа да го сториме и ова е најсигурен пристап за сите во околината на тоа лице, но одзема повеќе време и ресурси. Обединетото Кралство, Холандија, Шведска и Шпанија престанаа со мерење и известување за овој индикатор.

Според број на активни случаи во моментов како процент од вкупното население:

1. Македонија: 0,14%, 2. Турција, Романија, Косово, Бугарија, БиХ и Албанија: 0,02%
8. Грција и Србија: 0,01%, 10. Унгарија: 0,009%, 11. Црна Гора: 0,005%, 12. Словенија: 0,002%, 13. Хрватска: 0,0002%. Кај овој индикатор сме најлоши, но внимавајте на резервата што ја искажав и кај претходниот индикатор, а која се однесува и на овој.

„Успеавме“ да се искачиме на 15. место како глобално жариште, но со иста резерва ова да се земе поради начинот на „оздравување“ кој се разликува кај многу држави, а не се малку државите кои имаат прилично сомнителни подобрувања на статистиката. Лага е дека сме први по активни случаи на популација во Европа, пред нас се Ерменија, Белгија и Белорусија, а делиме 4. место со Молдавија, но, за жал, ако овој тренд продолжи, итаме накај Ерменија, бидејќи репродуктивниот број на инфекции опаѓа во Белгија и во Белорусија.

The post Ноторни лаги се изјавите дека сме лидери по смртност и по новозаразени appeared first on Слободен печат.


Ноторни лаги се изјавите дека сме лидери по смртност и по новозаразени was first posted on јуни 23, 2020 at 11:47 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....