2.8 C
Скопје
02:44 - 24 декември, 2024

Николова од ДКСК: Комисијата нотира слабости во законите, но и даде препораки како работењето на ДКСК да биде поефикасно (ВИДЕО)

Надлежноста за следење на изборите не е нешто ново за ДКСК, но со новиот закон надлежностие се многу зголемени, со рокови околу евентуални приговори. Законот врши разграничување. Пригиовор може да поднесе учесник или овластен набљудувач.

-Во таков случај доколку се работи на повреди на одредени членови ние мораме да постапиме во рок од 5 дена откако ќе го добиеме приговорот. Оваа година добивме 5 приговори, многу помалку од претходно. Од нив три се отфрлени, еден приговор е усвоен, постапката е во тек, еден приговор е прифатен, но Уставен суд го отфрли, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Катица Николова, член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

-Врз основа на искуствата од минатата година оваа година солидно се спремивме со тоа што успеавме да издејствуаме измени во Изборниот законик. Имаме директен пристап до сметките на партиите и на дневна база имаме мониторинг. Дневно следиме колку, за што и како е платено, вели Николова и додава дека оваа година имале подршка од ИФЕС, меѓународна организација за следење на финансирањето на политичките партии.

Во фазата кога беа измените на Изборниот законик, вели Николовска, ние настојувавме порталите да бидат исклучени од процесот на платено политичко рекламирање.

-Ние не знаеме колку портали имаат законска можност да работат а не пак да рекламираат.Но Изборниот законик пројде како што пројде, предвидено е да не може да се исплатат повеќе од 15.000 евра без пресметан ДДВ, што сметам дека е прилично голем износ за таков вид на рекламирање. Јас инсистирав тоа да биде регулирано, но и тоа не пројде бидејќи како што знам најмалку 6 месеци треба да биде регистриран порталот за да учествува во кампањата. Знаеме на кој начин се формираат, кој и на каков начин ги ормира. Тука ние немаме ни знаење, ни човечки капацитети да го следиме тоа, но се надеваме дека со помошна „Цивил“ ќе добиеме некакви насоки за делување. Они беа подготвени во овој дел за следење на рекламирањето преку порталите, така што извештаите ќе дојдат до нас, ќе ги имаме предвид и кога ќе ги сумираме резултатите се надевам дека ќе излеземе со проценка, вели Николова.

Целиот разговор со Катица Николова, член на Државната комисија за спречување на корупцијата проследете го во видеото:

The post Николова од ДКСК: Комисијата нотира слабости во законите, но и даде препораки како работењето на ДКСК да биде поефикасно (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Николова од ДКСК: Комисијата нотира слабости во законите, но и даде препораки како работењето на ДКСК да биде поефикасно (ВИДЕО) was first posted on јули 31, 2020 at 9:37 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....