9.8 C
Скопје
03:10 - 29 април, 2024

Не им треба карантин: Швеѓаните одамна применуваат „коронавирус“ стил на живот

Дружење и комуникација по Скајп? Без прегратки? За Швеѓаните ова не е социјална оддалеченост, туку живот сам по себе, пишува шведската новинарка Лиза Бурвалд во написот за „Политико“.

Додека другите европски влади наметнуваат драстични мерки поради коронавирусот, оставајќи го население во шок (но веројатно и повеќе заштитено), Шведска останува неверојатно мирна и покрај глобалната пандемија.

Луѓе во посета на паб во Стокхол, Швеска – И покрај епидемијата, оваа држава не ги затвори своите барови и ресторани / 23 март 2020, Стокхолм, Шведска / ФОТО: EPA-EFE/Ali Lorestani SWEDEN OUT

Зошто е тоа така? Настрана фактот дека Шведска е земја со ладен темперамент, каде прикажувањето на силни емоции се смета за социјална неактивност. Всушност, ние го практикуваме коронавирусниот стил на живот далеку пред вирусот, пишува Бурвалд.

Географски, Шведска е трета по големина земја во ЕУ, но нејзиното население е нешто над 10 милиони; главните булевари во големите градови се секогаш речиси празни. (Ова е причината зошто ксенофобичните и десничарски шведски демократи се исмеваат за нивната мантра дека „Шведска е преполна!“).

Всушност, според податоците од 2018-2019 година, мнозинството шведски домаќинства се состојат од еден член без деца. На пример, сосема поинакво е општеството во Италија, каде што различни генерации живеат под еден покрив, не само од финансиски причини.

Луѓе уживаат во сончевото време на прошетка во Дјургаеден, Стокхолм, Шведска / 22 март 2020, Стокхолм, Шведска/ ФОТО: EPA-EFE/Anders Wiklund SWEDEN OUT

Швеѓаните исто така сакаат да го почитуваат т.н. интерперсонално растојание и почитување на личниот простор. Ова правило одамна се применува во сите аспекти на секојдневниот живот во Шведска, од супермаркет до автобуската станица. Дури и кога е врнежливо.

Многу Швеѓани се изненадени од веста дека француските семејства се прилагодуваат на работа од дома и се обидуваат да создадат детален распоред само за да го поминат денот без да полудат.

Во Шведска, младите се „лепат“ на своите паметни телефони деноноќно и нивните важни односи, дури и првите состаноци, се случуваат зад нивните екрани.

Тука имаме национална мантра слична на британскиот „Бидете мирни и продолжете“. Тоа е само малку депресивно, пренесува БНР.

Според последните податоци на Ројтерс, жртви од коронавирус во Шведска има 110. Заразени се 3.700 граѓани.

The post Не им треба карантин: Швеѓаните одамна применуваат „коронавирус“ стил на живот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....