Силен земјотрес го погоди Загреб утринава, а во раните утрински часови, навивачите на Динамо брзо се организираа и излегоа на улиците да помогнат околу санирање на штетата.
Откако изминатите денови поради епидемијата на коронавирусот помагаа во селењето на Клиничката болница Дубрава, потоа и разнесуваа лекови и намирници на старите и немоќни, навивачите на Динамо Загрем наречени Бед Блу Бојс сега се организираа за да помогнат при санирање на штетите во хрватската престолнина.
Во центарот на градот, кој беше погоден од земјотресот, тие се на терен за да им помогнат на пожарникарите, носат маски и имаат договор со надлежните служби, пренесува порталот Индекс со снимка од собирот.
Голема штета претрпе и Српската православна црква, а бројните глетки од Загреб делуваат стравично.
Многу луѓе се заробени под рушевините, додека останатите излегоа на улиците со најважните лични работи, во случај на следен потрес.
(ФОТО) Земјотресите во Загреб ги извадија родителките со бебиња во рацете и пациентите на улица
The post Навивачите на Динамо Загреб излегоа на улиците за да помогнат во санирање на штетите од земјотресот appeared first on Слободен печат.