Новинарските екипи кои се упатија на прес-конференција кај претседателот Стево Пендаровски беа кратко задржани на влезот за да им биде измерена температура, како превентивна мерка за коронавирусот.
Пендаровски прес-конференцијата ја одржува на отворено, а причината е како што посочи тој, да се почитуваат мерките на владата.
На новинарите им беше соопштено дека ако некој има температура повисока од 37,5 степени нема да може да присуствува на прес конференцијата.
The post На новинарите им мереа температура пред прес-конференцијата на Пендаровски appeared first on Слободен печат.