20.8 C
Скопје
19:57 - 29 април, 2024

На новата ковид – карта на Европа само еден регион е со зелено – и тоа во Хрватска

Министерството за надворешни работи на кралството Белгија објави ажуриран попис на земји според зони во однос на епидемиолошката состојба.

На нивната страница може да се пронајдат детални информации за тоа каква е состојбата во секоја држава посебно, што е можно да се види и на интерактивната мапа. На таа мапа едно подрачје остана обоено со зелена боја. Тоа е Истарската жупанија во Хрватска.

Зелената боја означува дкеа внатре во тоа подрачје може да се патува без никакви ограничувања. Сите останати држави и региони се означени со црвена боја (означува неможност за патување) и портокалова боја (може да се патува со дополнителна претпазливост). Исто така, враќањето од црвените подрачја подразбира тестирање и карантин, а од останатите не.

Со кликнување на Истра се отвора прозорече во кое пишува дека во тоа подрачје е дозволено патување без никакви ограничувања. Исто така, се наведува дека по враќањето во Белгија не треба да се има негативен ковид-тест и нема да се оди во 14-дневна самоизолација, односно карантин.

Началникот на истарскиот Кризен штаб за цивилна заштита Дино Козлевац по повод објавата на белгиското министерство рече дека Истарската жупанија благодарение на резултатите во борбата против ковидвирусот може да им биде пример на сите.

Фото: Screenshot/Diplomatie.belgium.be

Истакнувајќи дека таквата ситуација е резултат на соработката и разбирањето на граѓаните и сите надлежни институции, Козлевац потсети дека граѓаните на Истра непрекинато веќе трет месец се придржуваат кон мерките за носење маски во затворен простор и дека тоа очигледно дава резултати.

Тоа е мерка која бара мајмала жртва од сите нас, а се покажа како најуспешна превенција“, заклучи Козлевац.

Фото: Screenshot/Diplomatie.belgium.be

Пред недела дена покрај Истарската жупанија и Вараждинската жупанија беше според белгиските податоци најуспешна во спречувањето на ширењето на коронавирус, а со зелено на истата карта беа означени и еден регион во Шведска, четири во Полска, двa во Бугарија и двa во Италија.

 

The post На новата ковид – карта на Европа само еден регион е со зелено – и тоа во Хрватска appeared first on Слободен печат.


На новата ковид – карта на Европа само еден регион е со зелено – и тоа во Хрватска was first posted on октомври 14, 2020 at 11:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....