7.8 C
Скопје
15:23 - 22 декември, 2024

На Детска клиника асистирала полиција, родители се заканувале по животот на докторите кои се грижат за нивното бебе (ВИДЕО)

Универзитетската Клиника за детски болести – Скопје,  испрати соопштение до нашата редакција со кое сака да ја информира јавноста за видео снимката која денеска се појави на социјалната мрежа Фејсбук, каде родители на мало бебе се жалат на медицинскиот персонал.

Снимката е направена на едно од одделенијата на Клиника за детски болести – Скопје на неа се гледа бебе кое тешко дише и притоа родителите ги коментираат и ги обвинуваат со имиња и презимиња лекарите за нејзината состојба.

Од Клиниката за детски болести во соопштението наведуваат дека мајката на бебето, во четвртиот месец од бременоста заболела од варичела. Направени се тестирања за можни последици по плодот, коешто семејството никогаш не ги подигнало.

-Имајќи предвид дека станува збор за комплексна ситуација, а со цел јавноста да добие целосна слика за случајот со пациентка, сакаме да дадеме и наш став во однос на денешната снимка. Имаме целосно разбирање за болката на родителите и со нив сме постојано последниве шест месеци. Мајката на бебето, во четвртиот месец од бременоста заболела од варичела. Направени се тестирања за можни последици по плодот, коешто семејството никогаш не ги подигнало. И покрај познатите медицински оправдани стравувања по евентуални последици по плодот, мајката  решила да го роди детето, без разлика на последиците. Токму како последица од варичелата, бебето се родило со комплетно нарушен имунолошки систем, односно не можност да се одбрани од бактерии ниту вируси.  Колку е ослабен имунитет покажува и фактот дека од самото раѓање детето било само неколку дена дома во рок од шест месеци. Направени се сите современи испитувања што само ја потврдуваат дијагнозата дека детето е родено со последица од варичелата додека мајката го носела плодот- наведуваат оттаму.

Комплетно ја разбираме нервозата на родителите, велат од Детската клиника, се обидуваме да помогнеме колку што можеме, но ситуацијата се менува секојдневно, а грижа за детето има постојано. Во секој момент на располагање се докторите на Клиниката кои досега повеќе пати отворено разговараат со родителите за состојбата на детето.

И покрај тоа секојдневно се врши притисок на персоналот на болницата, потенцираат од Клиниката за детски болести, проследени со разни навреди, закани по живот и  агресија која кулминираше денеска кога обезбедувањето на Клиниката мораше да повика и полициска асистенција.

-Како здравствени работници, но и како луѓе, родители, ја разбираме нивната борба за сопственото дете, но не ја разбираме потребата од психичко и физичко насилство врз оние кои деноноќно се борат за животот на нивното дете. Во овие тешки времиња за сите здравствени работници сакаме да повториме дека целиот медицински тим на Клиниката за детски болести во Скопје деноноќно се бори за најмалите. Нивниот живот за нас е приоритет и тука не треба да има ниту најмал сомнеж- појаснуваат оттаму.

Publiée par Aleksandra Aleksoska sur Mercredi 25 mars 2020

The post На Детска клиника асистирала полиција, родители се заканувале по животот на докторите кои се грижат за нивното бебе (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....