Вчеравечер во поштата на еден од нашите инстаграм-профили пристигна порака со вознемирувачко видео од загрижен граѓанин на Куманово.
На видеото кое веднаш стана вирално на социјалните медиуми, се гледа како неколку момчиња се присутни на игралиште кога момчето во фокус се приближува до куче кое претходно мирно си седи на теренот и насилно го шутира. Снимателот на видеото со иронични коментари продолжува да снима исто како ништо погрешно да не се случило.
Ајде да ја направиме гнидава позната. Иживување и исфрлање на сељачки фрустраации на невино суштество кое си седеше мирно на страна!
Време е МВР да се докаже и да реагира против вакви идиоти!
Retweet ве молам!!
Иначе дечкото е потпишан ” Filip Batko ” на Facebook! pic.twitter.com/OL7abYlVrJ— DonDDiablo (@MKDDiablo) March 1, 2020
Според досегашните информации, момчињата се од Куманово и двајцата го објавиле видеото на нивните фејсбук-профили, но набрзо ги избришале. Идентитетот на момчињата е идентификуван од страна на нивни сограѓани, кои згрозени од нивниот чин, веќе ги пријавиле и во МВР.
„Слободен печат“ веднаш го објави видеото на еден од нашите инстаграм-профили, а видеото имаше над 24,000 илјади прегледи за помалку од осум часа, но поради присутноста на насилство беше отстрането од самата социјална мрежа.
Видеото инстантно собра многу негативни реакции и над 400 коментари: „Срамота“, „Се прашувате после зошто кучињата се насилни“, „Некултура“, „Се бара правда за ова насилство“, „Време е за казни за насилство над животните“, „Срам ми е што ги познавам“, „МВР реагирајте“ и слично.
The post Момче насилно шутира мирно куче на игралиште во Куманово (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.