-1.2 C
Скопје
09:19 - 23 декември, 2024

МНР се извини за скандалозната поштенска марка и се огради од Пошти

Министерството за надворешни работи преку вршителот на работи во амбасадата во Белград упати извинување до српските власти во врска со грешката направена во АД „Пошта на Северна Македонија“, истакнувајќи дека е направен ненамерен дизајнерски пропуст за којшто веќе се преземени соодветни чекори.

Беше пренесено и официјалното извинување од страна на АД „Пошта на Северна Македонија“ во кое се изразува жалење за ненамерната грешка и техничките пропусти при објувувањето на марката.

,,Министерството за надворешни работи недвосмислено и децидно отфрла каква било поврзаност со овој немил настан, изразувајќи жалење до сите засегнати страни, на граѓаните во Србија, Босна и Херцеговина и на Хрватска. Регионалната соработка и добрососедските односи се главниот столб на надворешната политика на Република Северна Македонија и остануваме посветени на нашите заложби за уште посилен ангажман и соработка со непосредното и поширокото соседство, во исполнувањето на преостанатите обврски и реформи на патот на европската интеграција, со силен меѓусебен амалгам и во интерес на сите граѓани во регионот”, велат од МНР за Слободен печат.

The post МНР се извини за скандалозната поштенска марка и се огради од Пошти appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....