Министерство за надворешни работи соопшти дека македонските државјани кои се наоѓаат на крузерот кој е под карантин „Дајмонд Принцес“ се во добра здравствена состојба.
„Информираме дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио оствари директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess”, во Јокохама, Јапонија. Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот и се наоѓаат во добра здравствена состојба“, соопштија од МНР.
Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран вирусот.
The post МНР: Македонските државјани на крузерот „Дајмонд Принцес“ се во добра здравствена состојба appeared first on Слободен печат.