9.8 C
Скопје
17:38 - 19 ноември, 2024

„Мнозинство“ со 60 ! или со 65 пратеници?

Короната си го направи своето. Пратеникот Арбен Зибери од ДУИ е хоспитализиран со симптоми на Ковид 19, и не е во можност да гласа, а во меѓувреме пратеничката Јагода Шахпаска стана министерка. Со тоа мнозинството од 62 пратеника на владеачката коалиција сведува на недоволни 60 гласа во Собранието на Македонија за да може непречено да функционира во натамошната работа.
Следна обврска е избор на работните тела на Собранието вкупно 21.

Премиерот Зоран Заев уверува дека и покрај тоа ќе има доволен број на гласови за избор на комисиите.
Останува нејасно дали Заев претпоставува дека кворумот нема да биде спорен затоа што генерален договор за поделба на комисиите меѓу власта и опозозицијата постои според шемата 8-8-3-2. Или осум комисии со кои ќе раководи СДСМ, осум комисии и припаѓаат на ВМРО ДПМНЕ, три на ДУИ и две на коалицијата Алијанса и Алтернатива. Според оваа поделба неразумно би било опозициската ВМРО ДПМНЕ да не гласа за своите претседатели на комисиите.
Но и без нив можно е премиерот да смета и на други гласови од сегашната опозиција.
Улогата на опозицијата во парламентарниот живот е секако многу важна за демократијата во една земја и оттаму и повикот на премиерот Заев на денот на одбележувањето на независноста до опозицијата да ги напушти теснопартиските интереси и активно да се вклучи во процесите на реформи кои земјата ќе ја приближат до ЕУ.
Од друга страна пак ВМРО ДПМНЕ од денеска се впушта во вонпарламентарна битка што отвора други дилеми, дали тоа ќе значи подолготрајно напуштање на Собранието или пак тоа ќе биде само тактички маневар за да ги остави партиите од власта самите да си обезбедат кворум.

The post „Мнозинство“ со 60 ! или со 65 пратеници? appeared first on Слободен печат.


„Мнозинство“ со 60 ! или со 65 пратеници? was first posted on септември 9, 2020 at 11:13 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....