6.8 C
Скопје
15:56 - 22 декември, 2024

Младите се почесто и полесно посегнуваат по пиштол или нож

Полициските билтени секојдневно се полни со информации во кои наши млади и постари сограѓани настрадале или пак предизвикале инцидент во кој било употребен нож или пиштол. Токму ножот и пиштолот како орудие кое „традиционално“ се користат во Македонија за докажување кој е посилен и поопасен, никако да станат наше минато. Овие две орудија, кои за жал се и смртоносни кога се користат, во изминатите шест месеци речиси постојано беа употребувани во разни кривични дела.

Упатените велат дека за црната статистика среќна околност е што речиси два месеца имавме полициски час, па бројот на кривичните дела извршени со овие орудија е помал во споредба со истиот период лани. Но, затоа пак годинава е зголемен бројот на пронајдени ножеви кај млади лица и кај малолетници кои ножевите, најчесто тие на расклопување ги носеле под појасите. Во поголемиот број на случаи, за среќа, кога биле употребени ножевите и огненото оружје, жртвите минале со полесни повреди.

Според полициските податоци Скопје е на првото место по бројот на извршени кривични дела кои се квалификуваат како „тешка телесна повреда“. Потоа следат Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип.

Во однос пак на кривичните дела кои завршиле трагично, односно со убиство, повторно Скопје е на првото место. Потоа следат Битола, Велес, Куманово и Охрид. Иронијата да биде поголема Скопје, па Битола и Велес се на првите три места во полициските анализи и според бројот на регистрирани кривични дела извршени од деца.

Најнов случај од серијата случаи во кои деца со ножа нападнале други деца се случи пред два дена кога 12-годишно дете во близина на „Зелен пазар“ во Скопје беше прободено во грбот. Немилиот настан се случил околу 10 часот, а ранетото дете беше хоспитализирано во градската општа болница „Наум Охридски“.

Неколку дена претходно и тоа во утринскоте часови К.С.(58) од Прилеп во МВР пријавила дека во нејзиниот дом со нож била нападната од нејзиниот сопруг З.С.(57) и се здобила со тешки повреди. Пред неколку дена во полициската станица во Ресен е пријавено дека С.А. (40) од Ресен со нож им нанел повреди на М.И.(25) од Кичево и Т.К.(49) од Ресен. Причина за инцидентот биле нарушените односи од претходно. Во истиот период пак во Скопје полицијата го уапси Ф.Х.(41) поради тоа што физички нападнал и со нож се обидел да повреди полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Во поголем број од насилствата каде не се користи ладно оружје (нож), насилникот тогаш за заплашување или со намера користи огнено оружје, велат од полицијата. За тоа говори и најновиот случај од пред неколку дена во близина на детска градинка во Скопје.

Од МВР велат дека во близина на угостителски објект и градинка на улицата „Архиепископ Доситеј“ во Скопје едно лице пукало од огнено оружје кон К.Т.(24) од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во десната нога. На местото на инцидентот полицајците пронашле дури шест чаури од муниција за пиштол.

Во Тетово пак 57-годишниот К.А. од село Копачиндол е осомничен дека поради претходно настанато недоразбирање околу сообраќај, со своето возило почнал да го следи такси возилото кое го управувал Г.А. (47) од Тетово. Откако таксистот дошол и застанал пред такси компанија, помеѓу нив настанала вербална расправија, по што пријавениот извадил огнено оружје и го вперил кон таксистот кој се обидел да му го одземе оружјето, а пријавениот со оружјето го удрил по глава. Во скопската населба Ќерамидница, по претходна расправија со неговата ќерка С.К.(42), П.К.(66) со пиштол испукал неколку куршуми кон ѕидот на собата. Кумановската полиција пак неодамна до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Н.М.(47) од селото  Слупчане, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела предизвикување општа опасност. Тој по претходна расправија со познаникот С.И. извадил пиштол и испукал еден куршум.

The post Младите се почесто и полесно посегнуваат по пиштол или нож appeared first on Слободен печат.


Младите се почесто и полесно посегнуваат по пиштол или нож was first posted on јуни 27, 2020 at 9:12 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....