-0.2 C
Скопје
18:17 - 22 декември, 2024

Мицкоски и „сè е можно“

Мицкоски е растргнат меѓу ветувањето дека ќе го смени Договорот од Преспа и реалноста дека тоа е сепак невозможно, без да се загрози членството на земјата во НАТО и во ЕУ.

Оттука на прашањето како ќе го смени Договорот од Преспа, тој нема одговор туку вели: „Видете, сè е можно“.

И додава: „Може да се направи чекор назад од Договорот, да се справиме со корупцијата во земјата, со загадувањето, да обезбедиме стабилен економски развој, демократија и слобода за народот, правда за граѓаните и потоа низ нови преговори со Грција да обезбедиме подобри услови за членство во НАТО и во ЕУ.“

Но, услов за сето тоа е, според него, да се смени сегашната власт на избори и тој да добие мандат за состав на нова влада. Со власта во негови раце, порачува тој, „сè е можно“.

На оние што малку сомничаво го гледаат, им објаснува дека тој е реалист и дека не ветува нешто што неможе да го оствари. Говори дека постои „реалполитика“ (односно политика во која резултатот зависи од односот на силите, а не од тоа кој е во право) говори дека за промена на Уставот му е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, а за промена на Договорот од Преспа и поддршка од мнозинството пратеници на немнозинските етнички заедници во идното Собрание. Ако сето тоа го обезбеди за правењето чекор назад во договорите со соседите тогаш вели – „сè е можно“.

За жал, целата негова реторика на крајот од секој разговор за ова прашање се сведува на еден вид размислување на тема – „кога баба би била млада“. Прво ни дава до знаење дека нешто реално не е можно, а веднаш потоа вели: „Ако добијам власт, сè е можно“. Луѓето токму од тоа стравуваат. Еден машинист што за себе вели дека е математички прецизен, со ваков говор навлегува во светот на бајките.

Кога сета власт во земјава би дошла во негови раце тогаш таа ќе биде нешто како златна рипка што ќе му ги исполнува сите желби. Тој само ќе посака и таа ќе го смени „капитулантскиот“ договор со Преспа, „лошиот“ договор со Бугарија, ќе го промени светскиот однос на силите, ќе си го вратиме името, НАТО и ЕУ ќе нè молат да бидеме нивен член и сојузник, а ние ќе живееме среќно и весело.

Слоганот „Чекор назад за два чекори напред“ веќе го користеше Ленин за реализацијата на еден проект што не успеа. А слоганот „Дајте ми власт и сè е можно“ е ист како „Скопско, и сè е можно“, само што треба малку повеќе пиво да испиеш за да ти се чини дека можеш да скокнеш и од мостот на Вардар во студената вода и да преживееш.

The post Мицкоски и „сè е можно“ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....