9.8 C
Скопје
06:00 - 4 мај, 2024

Меркел се обрати на јавноста: Заборавете на забави и на масовни дочеци на Нова година

Германската канцеларка Ангела Меркел апелира до граѓаните на дисциплинирано однесување и придржување до новите мерки на затворање што се воведени од денеска и ги урна надежите дека по четири недели, колку што рестрикциите ќе останат на сила, би било можно брзо враќање во нормала.

– Мора да се подготвиме за Божик во сенка на коронавирусот. Но, тоа не мора да биде Божик на осаменост, рече Меркел по состанокот на т.н. „корона-кабинет“.

Таа, истовремено, дека ќе нема вообичаени дочеци на Нова година.

– Неконтролираните силверстерски забави или масовни дочеци на Нова година нема да бидат можни. Светлото на крај на тунелот сè уште е многу оддалечено, порача Меркел.

Германскиот вирусолог Дрoстен со прогноза: Пандемијата на ковид нема да стивне до Велигден

Таа уште еднаш ги повика граѓаните да се придржуваат до досегашните и до новите мерки во борбата против ширењето на ковид-19.

– Секој од нас одлучува за тоа дали овој ноември ќе го паметиме како заеднички успех при што клучно е придржувањето до мерките, нагласи германската канцеларка.

Меркел појасни дека актуелната ситуација со порасот на бројот на инфицирани сè уште дава повод за загриженост.

– Ние денеска бележиме тројно поголем пораст на бројот на заболени во споредба со средината на октомври. Ако вака продолжи, ќе дојде до оптоварување на болничките капацитети, предупреди Меркел и додаде дека треба да се дојде до ситуација во која повторно ќе биде можно следење на заразата што не е можно некое време.

Формула за успех – намалени контакти, работа од дома, избегнување на посети и славења

Германската канцеларка објасни дека бројот на новозаболени во Германија во последните 24 часа е 127 на 100.000 жители и дека целта е тој да падне под 50.

– Мора да ги намалиме контактите, што е можно повеќе да се работи од дома, да се избегнуваат посети на роднини, како и славења. Со тоа би создале услови за поднослив декември, рече Меркел со дополнување дека го разбира незадоволството кај некои од новите мерки, но, исто така, дека е нејзина задача да ги увери луѓето за неопходноста на тие мерки.

Одговарајќи на прашање зошто е забранета посета на угостителски објекти и театри, но не и на цркви и на училишта, германската канцеларка го образложи со уставно-правни причини.

– Правото на образование и практицирање на верата заземаат висока позиција во Уставот и таа одлука е донесена со стручњаци по уставно право, нагласи Меркел.

Рестриктивни мерки низ цела Европа

The post Меркел се обрати на јавноста: Заборавете на забави и на масовни дочеци на Нова година appeared first on Слободен печат.


Меркел се обрати на јавноста: Заборавете на забави и на масовни дочеци на Нова година was first posted on ноември 2, 2020 at 6:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....