Веќе 19 години во Белград се собираат медиумски работници од целиот регион, без оглед на наметнатите поделби и политички судири, за заедно, низ фотографии да посведочат за настаните кои ги засегаат животите на населението од Западен Балкан. Ова е приказна за нив.
Конкурсот за најдобра фотографија на годината на Бета трае веќе 17 години и на него редовно учестуваат фоторепортери практично од сите земји од Југоисточна Европа.
Прикажаните фотографии покажуваат дека светот е во турбуленција, вели главниот и одговорен уредник на агенцијата Бета, Драган Јањиќ.
– Се е во движење, се е во некоја промена, нам ни се чини дека не ни е потполно јасно колкава е таа промена и колкави се дострелите, вели Јањиќ.
Ова е единствен регионален конкурс резервиран за медиумска фотографија, па стотина трудови, објавени во изминатите години се своевидна хронологија и впечатливо сведочат за турбулентните политички и општествени случувања.
(Извор: Бета)
The post Медиумска манифестација која ги брише границите на Западен Балкан (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Медиумска манифестација која ги брише границите на Западен Балкан (ВИДЕО) was first posted on октомври 16, 2020 at 8:03 pm.