10.8 C
Скопје
01:58 - 29 април, 2024

Мандиќ реагира по предлогот за новата влада во Црна Гора

Мандатарот за составот на новата влада во Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, ги претстави кадровските решенија за новиот владин кабинет, а лидерот на Новата српска демократија, кој е и еден од лидерите на Демократскиот фронт во Црна Гора, Андрија Мандиќ, изјави дека сега работите се „разбистрени“.

„Демократскиот фронт претрпи многу грди зборови, дека сме алчни политичари. Еве, мандатарот го понуди списокот и ние на него познаваме само еден човек. Се испоставува дека фотелјите ги сакаа некои други“, рекол Мандиќ, а пренесуваат подгорички „Вијести“.

Тој истакнал дека за предлогот на мандатарот ќе се изјаснат во рамките на партиските органи. „Против нас се работеше во портите на Црквата. Но, ние знаевме дека сите ќе се покажат со своето вистинско лице. Ќе помине и ова, набрзо ќе имаме слободни избори“, заклучил лидерот на Новата српска демократија.

Неговиот колега од Демократскиот фронт, лидерот на Демократската народна партија Милан Кнежевиќ истакна дека „оние кои водеа удбашки кампањи против Демократскиот фронт, сега треба да ги спуштат главите“. Тој додава дека „мандатарот ја претставил владата, а автентични претставници не можат да бидат на клучни позиции, особено во безбедносните сектори, каде што на функции се наоѓаат Терзиќи, Абазовиќ и слични“.

Во периодот по изборите и пред претставувањето на предлогот за новиот владин кабинет, се разменија остри зборови меѓу мандатарот и лидерите на Демократскиот фронт, предводени од Мандиќ, еден од политичките лидери на кои Кривокапиќ им порача дека тој не ги застапува интересите на ниту една партија, ниту на еден политичар, и дека доколку во неа седнат лидерите на Демократскиот фронт, таквата влада би имала помал кредибилитет.

Мандиќ по таа изјава остро реагираше на интервјуто на Кривокапиќ во „Недељник“, дури изјавувајќи и дека „очекува оценка од Црквата за интервјуто на Кривокапиќ во ‘Недељник’“.

„Дали ваквиот непријателски настап во ‘Недељник’ е морален и човечки, нека оценат луѓето од Црквата, кои него ни го препорачаа, но знам дека политички, тоа, секако, нема да помине“, изјави во таа прилика лидерот на Новата српска демократија.

Напишано од Михајло Драшкиќ

Преземено од „Недељник“ од Белград

The post Мандиќ реагира по предлогот за новата влада во Црна Гора appeared first on Слободен печат.


Мандиќ реагира по предлогот за новата влада во Црна Гора was first posted on ноември 7, 2020 at 5:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....