Во Москва за утре е најавена средба помеѓу Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на која двајцата претседатели треба да ги испеглаат разликите и да ги надминат проблемите кои изминативе недели ексалираа со вооружените судири во Сирија. Планираниот разговор за ситуацијата во провинцијата Идлиб меѓу Ердоган и Путин е исклучително важен обид да се реши кризната ситуација во Сирија.
Не е исклучено дека двајцата претседатели ќе се сретнат во Москва со различни очекувања. Претседателот Ергоган ќе настојува сириската војска да се повлече од Идлиб и да се пронајде заедничко решение за бегалската криза.
Од друга страна Путин очекувано ќе настојува од Турција да го прифати фактот дека режимот на Асад презел контрола над одредени делови од територијата на Идлиб ,и со тоа Анкара да ги повлече своите трупи од теренот.
Самиот факт дека уште од почеток преговарачки позиции на двајцата лидери се премногу различни.мали се шансите за постигнување договор меѓу двајцата лидери.
Според официјалната најава на прес службата на Кремељ, се очекува дека двајцата претседатели ќе разговараат за начините за решавање на сириското прашање, со фокус на моменталното жариште во Идлиб.
Русија и Турција драматично ги влошија односите поради ситуацијата со сирискиот конфликт. Довчерашните сојузници сега се обвинуваат за кршење на постигнатите договори за Сирија,
Анкара засега е со став дека Русија никако не е вклучена во нападите врз турските војници во Сирија, туку дека вината за нив единствено ја лоцира кај сириската армија, што е јасен сигнал дека Турција не сака војна со Русија.
The post Мали се шансите Путин и Ердоган да ги надминат разликите на утрешниот состанок во Москва appeared first on Слободен печат.