2.8 C
Скопје
22:20 - 24 декември, 2024

Македонски лекари биле на конгрес во Мадрид со заболен од коронавирус

Двајца лекари од Македонија биле на конгрес во Мадрид, Шпанија, каде што еден од предавачите имал коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека лекарите дошле во Македонија доцна вечерта во саботата, а во неделата биле дома и имале контакт со домашните.

До затворањето на весникот се очекуваа нивните резултати од тестирањето за коронавирус направено на Клиниката за инфективни болести. По резултатите, лекарите две недели ќе бидат под здравствен надзор во домашен карантин.

– Со оглед на тоа дека лекарите укажуваат дека со тој предавач немале контакти, како што немале контакти ниту со друг заболен, со оглед на малата експоненција од само ден и половина, сметаме дека е исклучително мал ризикот тие да бидат заразени, а уште помал ризикот да бидат преносители, зашто нема временски интервал во кој може да станат вирулентни. Но, за секој случај препорачуваме мерки – рече министерот за здравство Венко Филипче.

Единствената заболена пациентка, педесетгодишната жена што со комби пристигна во Македонија од Италија, закрепнува. Таа се наоѓа на Клиниката за инфективни болести и веќе трет ден нема температура.

Министерот информираше дека завчера немало пациенти на кои им бил направен тест за коронавирус. Карантинот се одвивал добро и немало проблеми со полицискиот надзор.

Во моментов во Македонија има илјада тестови за коронавирус. Сите тринаесет досега тестирани пациенти се негативни, а состојбата будно се следи.

Во тек е набавката за дезинфекциски средства за училиштата.

Министерот Филипче очекува денеска да бидат потпишани договорите за дезинфекциони средства и веднаш да се почне со нивна дистрибуција по училиштата.

Викендов во Македонија пристигнале десетина автобуси на Табановце како и авиони на скопскиот и на охридскиот аеродром.

– Сите патници се испрашани од полицијата. Немаме податок дека има заболен, ниту пак дека некој патник бил во контакт со заболено лице во некој од овие ризични региони во Северна Италија – додаде Филипче.
Здравствените власти уште вршат увид во тоа дали аптеките ги зголемиле цените на алкохолот и на заштитните маски. Ако тоа навистина се случило, ќе бидат казнети.

Министерот информираше дека има административен проблем со метанолот, алкохолот што се користи за дезинфекција на раце, кој во моментов се решавал. Ист таков алкохол за дезинфекција на рацете односно алтернатива за него е изопропил и тој моментално е достапен во аптеките.

Ако не се појават новозаболени од коронавирус, нема да се продолжи мерката за неодржување јавни собири.
Во Европа досега има две илјади сто педесет и шест заболени од коронавирусот. Вчера се појавија пациенти за првпат во Ерменија, Ирска и во Чешка.

Детални „директиви“ до училиштата

Министерството за образование до училиштата, универзитетите и научните установи достави детални насоки како да постапуваат за да ги заштитат учениците. Тие треба да организираат едукативни предавања, да ги откажат екскурзиите за Италија. Една од мерките што се спроведуваат, но со проблеми е таа по електронски или телефонски пат образовните установи да обезбедат информации од сите свои вработени ученици и студенти дали во последните две недели биле или живеат со некој кој бил во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, како и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Кореа, Сингапур и Тајван.

Ако учениците или нивната блиска фамилија биле во овие места последните две недели, треба да не доаѓаат на училиште. Истото важи и за вработените во државните и локалните институции.

До крајот на неделава училиштата ќе добијат дезинфекциони средства, зашто дотогаш ќе биде завршена јавната набавка.

The post Македонски лекари биле на конгрес во Мадрид со заболен од коронавирус appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....