6.8 C
Скопје
15:55 - 22 декември, 2024

Проф. д-р Дејан Трајковски: Од ковид-19 умрeле повеќе лица отколку од рак во последните 30 дена

Ковид-19 моментно е втората најчеста причина за смрт, бидејќи во последниве 30 дена од него умреле 338 лица, додека од неоплазми умреле помалку – околу 317 лица (3800:12). До овој заклучок дојде професорот на Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот.

Пандемијата зазема огромен замав, капацитетите и здравствен систем се изложени на голем притисок. Големиот број нови случаи, хоспитализации, евиденција на контактите на заболените и притисок да се прават поголем број тестирања и епидемиолошки анкети ги оптоварува здравствените службите кои се во намален состав затоа што и меѓу нив има болни или во самоизолација.

„Состојбата е крајно загрижувачка“, предупреди министерот за здравство Венко Филипче, упатувајќи апел граѓаните да не излегуваат од дома, освен ако немаат неодложни обврски.

Од изминатиот викендов во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на располагање се уште 150 болнички легла во повеќе клиники, а од завчера на Интерната клиника почнаа да се примаат пациенти со ковид-19. Како што соопшти Министерството за здравство, се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти со ковид-19, но тоа нема да го наруши нормалното функционирање на клиниките.

Засега капацитетите на приватните болници нема да се користат за хоспитализација на пациентите на товар на Фондот за здравствено осигурување, затоа што се прават напори пандемијата да се стабилизира со државни ресурси и на државните клиники.

Министерот за здравство Венко Филипче повторно упати апел да се носат маски, со укажување дека 75 проценти од сите случаи на ковид-19 немаат симтоми и може да го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа.

Институтот за трансфузиона медицина информираше дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19. Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170 пациенти со ковид-19.

The post Проф. д-р Дејан Трајковски: Од ковид-19 умрeле повеќе лица отколку од рак во последните 30 дена appeared first on Слободен печат.


Проф. д-р Дејан Трајковски: Од ковид-19 умрeле повеќе лица отколку од рак во последните 30 дена was first posted on ноември 8, 2020 at 2:27 pm.

Слични објави

Почнува најдобриот Д Фестивал досега!

Еспресо

Велковски се закани: Данела Арсовска да се извини во рок од 48 часа, ќе ја тужам за клевета

Еспресо

„Супер лут предизвик“ – Во петок во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперки

Еспресо

Заврши куќниот притвор за Ламбе Алабаковски: Како мерка на претпазливост одземен му е пасошот на пејачот

Еспресо

Кои се обичаите на Духовден раскажуваат старите скопјани и битолчани

Еспресо

Пејачот Ламбе Алабаковски го признал извршувањето на кривичното дело – подметнување на пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола

Еспресо
Се вчитува....