7.8 C
Скопје
23:20 - 31 март, 2026

Месечните карти за паркирање дупло ќе се зголемат?!

Советниците на Градот в среда треба да одлучат дали ќе го прифатат барањето на ЈП Градски паркинг, да се зголеми цената за паркирање. Претпријатието бара поскапувањето на еден час паркирање да поскапи за пет денари, а поскапувањето да важи за зонските паркиралишта, отворените паркиралишта како и за во катните гаражи.

Во образложението на претпријатието се вели дека причина за зголемување на цената за паркирање е поради зголемените трошоци за одржување на јавните паркинзи и катните гаражи со кои стопанисува претпријатието.

-Зголемени се трошоците за вода, струја, одржување на лифтовите и опремата инсталирана на паркиралиштата, образложуваат од претпријатието.

Поскапувањето на паркирањето најмногу ќе го почувствуваат они кои вадеа месечни карти. Отсега наместо 1.000 денари месечно, цената двојно ќе се зголеми, односно ако се прифати предлогот, ќе биде 2.000 денари.

Текстот е преземен од slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....