1.8 C
Скопје
13:27 - 20 декември, 2024

Го изорал теренот во Драчево за да не може друг тим да тренира на него

Фудбалскиот терен во Драчево е ископан за инает на клубот Партизан фудбал кидс кој сега нема каде да тренира и да ги игра натпреварите. Клубот кој има пријавено екипи во конкуренција на петлиња, во младинска, во пионерска и во сениорска конкуренција сега е приморан своите натпревари да ги игра во друга населба, најверојатно во Кисела Вода.

Во последните пет месеци пријавивме екипи во младинските лиги, имаме тим во петлиња, тим во сениорска конкуренција. Купивме опрема со сопствени средства, ја реновиравме и оградата, инвестиравме во соблекувалните. Децата кои претходно си заминаа во други клубови, почнаа да се враќаат во Драчево и во нашиот клуб – велат за Слободен печат од тимот на Партизан фудбал кидс.

Проблемите и опструкциите за тимот на Партизан фудбал кидс започнуваат речиси од самото формирање на клубот пред две години, и според претставниците на тимот, тоа е поради љубомора бидејќи истиот терен го користат и екипите на ССК Нова и ССК Младинец кои имаал помалку дечиња што тренираат.

Побаравме да добиеме термини од концесионерот. Ние баравме да си платиме за термините, да можат нашите членови да тренираат и да ги играат натпреварите но не добивме никаков одговор од концесионерот по што се распрашавме и дознавме дека терените и припаѓаат на општина Кисела Вода – објаснуваат од Партизан Фудбал кидс.

Општината објавила оглас за користење на теренот во Драчево и на него се јавил единствено тимот на Партизан Фудбал кидс, но сепак опстукциите не престануваат.

Три месеци ја чекаме општината да пресече. Ние бевме единствен тим кој се јави на огласот кој општина Кисела Вода го распиша но „газда“ на теренот во Драчево останува Бубе Трајковски. Ние дури баравме да ја користиме само едната половина од теренот за тренинзи и бевме подготвени дополнително да инвестираме, но никако не можеме да се договориме иако сме подготвени да прифатиме секакви услови. Првиот натпревар од сезоната моравме да го играме на гости, а сега наредниот викенд натпреварот со Македонска Каменица најверојанто ќе го играме на теренот во Пржино. Не можеме да сфатиме како на теренот во Пржино можат да тренираат и играат дури седум тима, а во Драчево поради самоволието на еден човек, не може да се договориме. За инает на нас да нема каде да играме натпревари и да тренираме, го изора теренот со објаснување дека ќе ја менувал тревата. Денеска требаше да имаме состанок во општина Кисела Вода но тој не се одржа. Сметаме дека тој има поддршка од одредени структура за неговото однесување – реагираат од Партизан Фудбал кидс.

Преземено од Слободен печат

The post Го изорал теренот во Драчево за да не може друг тим да тренира на него appeared first on Слободен печат.


Го изорал теренот во Драчево за да не може друг тим да тренира на него was first posted on ноември 11, 2020 at 8:39 pm.

Слични објави

Почнува најдобриот Д Фестивал досега!

Еспресо

Велковски се закани: Данела Арсовска да се извини во рок од 48 часа, ќе ја тужам за клевета

Еспресо

„Супер лут предизвик“ – Во петок во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперки

Еспресо

Заврши куќниот притвор за Ламбе Алабаковски: Како мерка на претпазливост одземен му е пасошот на пејачот

Еспресо

Кои се обичаите на Духовден раскажуваат старите скопјани и битолчани

Еспресо

Пејачот Ламбе Алабаковски го признал извршувањето на кривичното дело – подметнување на пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола

Еспресо
Се вчитува....