11.8 C
Скопје
17:57 - 22 ноември, 2024

Македонија е на добар пат, треба да се најде решение со Бугарија

Заедно со министрите од Владата ќе ги искористиме укажувањата на Европската комисија за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјето за преговори посветен на темелните вредности. Земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементација на веќе донесените закони и постојни механизми, порача вчера премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ, кој беше во посета на Македонија.

Како што истакна Заев, во Извештајот е нотирано дека земјата во многу области има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и оти се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

Двата документа што завчера ги објави Европската комисија, според Заев, се придонес кон создавање силен политички момент за уште еден исчекор на европската агенда на нашата земја.

Посебно важен за него е економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, за кој, како што рече, најголема заслуга има еврокомесарот Вархељ.

– Благодарни сме што многу важни проекти за Северна Македонија ќе бидат поддржани со овој план. Изразувам благодарност до Европската унија и за несебичната помош која ни беше дадена за време на ковид-кризата која сѐ уште трае – рече Заев и информира дека завчера на сметката на буџетот легнале 80 милиони евра како помош за справување со кризата предизвикана од коронавирусот, а наскоро треба да пристигнат уште 80 милиони евра.

Еврокомесарот Вархељ, по средбата со Заев, истакна дека и покрај коронавирусот, одлучил да дојде во Македонија и лично да ги пренесе добрите вести, дека ЕУ е ангажирана да го зајакне проширувањето врз основа на новата методологија, за што има согласност и од другите земји.

Вархељ побара Македонија да продолжи со зајакнување на реформските резултати, пред се во делот на борбата против корупцијата, но и со имплементација на законите кои се однесуваат на судството и на јавната администрација.

Во однос на несогласувањата меѓу Бугарија и Македонија, Вархељ рече дека ЕУ прави сѐ што може за Македонија да ги почне преговорите во декември и дека во интерес и на двете земји е да најдат решение. Тој побара да не се прави драма околу тоа прашање и да се остави на дипломатијата да работи.

– Гледам посветеност од Заев и од Борисов и се надевам дека ќе успеат да изнајдат решение и колку што знам, тие работат на тоа. Ќе направиме сѐ што можеме доколку ние можеме да помогнеме во процесот. Да се изнајде решение, не е невозможно. Не би драматизирал околу ова прашање, иако прашањето е сериозно. Јас само можам да го повторам тоа од вчера, дека од интерес на Бугарија и на РСМ е да најдат решение за овие прашања, бидејќи без брзо да се разјаснат тие недоразбирања, ќе биде тешко да се придвижат работите. Ова е моментот да се постигне договор – рече Вархељ, кој не одговори дали со ваквите барања Бугарија, со оспорување на идентитетски прашања како јазикот, го крши основниот постулат на ЕУ за самоопределување.

Тој, исто така, не одговори дали Бугарија е осамена во ваквите барања или има и други земји членки што го мислат истото. Вархељ само рече дека процесот на преговори е веќе познат и мора да се добие согласност од секоја земја членка, но се надева дека ќе може да се продолжи според планот – во рамките на германското претседателство да се одржи првата меѓувладина конференција со РСМ и со Албанија.

Еврокомесарот, по средбата во Владата со Заев, се упати во Собранието, каде што имаше обраќање пред пратениците.

– Важно е да се има јасна координација и планирање на работата помеѓу Владата и Собранието. Треба да знаете кои закони или извештаи Ви наближуваат, правилно да ја испланирате работата на комисиите и пленарните седници и да ја исполните вашата улога во поддршката и следењето на фазата на преговори, Оливер Вархељ, еврокомесар, во обраќањето пред македонските пратеници – им почача еврокомесарот на народните избраници.

Европската комисија завчера ги објави двата исклучително важни документи за европската агенда на Македонија: Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан.

The post Македонија е на добар пат, треба да се најде решение со Бугарија appeared first on Слободен печат.


Македонија е на добар пат, треба да се најде решение со Бугарија was first posted on октомври 8, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....