Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа која се случи кај клучката во Белград на патот за Добановци.
Се судриле автомобил и камион кој бил во конвој под полициска придружба, пренесува „Курир.рс“.
Во судирот учествувале четири камиони од конвојот меѓу кои бил и возач од Полска за кој се сомневаат дека ја предизвикал несреќата.
Камионите кои минуваат низ Србија поради состојбата со вирусот не смеат да застануваат каде што сакаат, туку само на одредени места.
The post Македонец загина во Србија во конвој на камиони кои минуваат во транзит поради коронавирусот appeared first on Слободен печат.