3.8 C
Скопје
21:30 - 20 декември, 2024

„Луѓето кои денес се заразиле ќе ни се јават за 10 дена“: Швајцарското здравство пред колапс

Швајцарскиот здравствен систем би можел да доживее колапс со крајот на месецот ако коронавирусот продолжи да се шири со моменталната брзина, изјави денес претставник на швајцарската влада Данијел Кох.

– Луѓето кои денес се заразиле, ќе не контактираат дури за 10 дена. Мораме да бидеме сигурни растот на вирусот да се успори веќе денес, бидејќи во спротива, за 10 дена (швајцарските болници) нема да можат да се изборат со пациентите – рече Кох.

Според последните податоци на швајцарските власти, во таа земја досега се заразени 2.650 луѓе, додека од Ковид-19 починаа 19 лица, а бројот на заболени за време на следните недели веројатно ќе расте, пренесува „Ројтерс“.

Кох, кој раководи со Федералната канцеларија за заразни болести, рече дека забрзаниот пораст на бројот на заболени им оневозможил на властите да дојдат до точни податоци за бројот на нови случаи.

Додаде дека, со оглед на моменталната брзина на ширење на вирусот, „невозможно е да се тестира секој кој би можел да биде заразен“.

Швајцарија мобилизираше околу 8 илјади припадници на војската, за да им помагаат на јавните служби и медицинскиот персонал.

Како што наведува британската агенција, Швајцарија располага со меѓу 1.000 и 1.200 места во болниците на одделенијата за интензивна нега.

Кох, меѓутоа, вели дек проблемот е во ограничениот број на здравствени работници кои се обучени да употребуваат опреа за спасување на животи, како што се респираторите.

„Ројтерс“ потсетува дека токму респираторите се главен проблем во соседна Италија, каде досега од коронавирусот починаа повеќе од 2.100 луѓе.

Во обид да се изборат со растечкиот број на случаи на заболени и оние кои се сомневаат дека се заразени, Универзитетската болница во Женева за време на ноќта пред влезот подигна голем шатор во кој се прегледуваат и тестираат граѓаните.

Болницата во Женева соопшти дека планира да го удвои бројот на кревети на интензивната нега.

The post „Луѓето кои денес се заразиле ќе ни се јават за 10 дена“: Швајцарското здравство пред колапс appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....