11.8 C
Скопје
22:16 - 28 март, 2024

Лекарите во Италија во тешка ситуација: Во зависност од возраста и здравствената состојба, прават избор кого ќе спасат

Лекарите во Италија се соочуваа со сериозни проблеми поради размерот на епидемијата на коронавирусот, а анестезиолоот Кристијан Салароли од Бергамо во интервју за „Кориере дела сера“ откри за граѓаните што се случува во болницата „Папата Јован“ кадешто работи.

Тој посочува дека ситуацијата е како во војна, а градот Бергамо во Северна Италија е едно од главните жаришта на епидемијата на коронавирусот во земјата, додека болницата се соочува со исцрпени капацитети.

– Во ситуација сме да мораме да правиме избор, во зависност од возраста и здравствената состојба на пациентите. Исто како во воени ситуации – поспчува Салароли.

Лекарот посочува оти не сака да создава паника кај жителите и уапатува апел до сите граѓани да останат дома.

– Неуморно повторувам до сите да останат дома. Најдобар одговор на вирусот е граѓаните да не се движат премногу и во поглеми групи на луѓе – посочува Салароли.

Уште еден лекар од градот Бергамо на Фејсбук ги објасни проблмите со кои се соочува медицинскиот персонал во Италија. Станува збор за хирургот Даниел Манчини, кој се обиде да пренесе до жителите што се случува во Италија, особено упатувајќи порака до ние кои не водат грижа во однос на препораките.

– Битките се водат без прекин и дење и ноќе. Многу луѓе постојано доаѓаат да бараат помош. Одделите кои се испразнија, повторно брзо се полнат. Наместо хирушки операции, дијагнозата сега секогаш е иста – коронавирус – вели Манчини.

Тој упати порака до сите граѓани да бидат трпеливи, да не излегуваат од дома, а со тоа да бидат и емпатични кон повозрасните.

– Обидете се да бидете емпатични кон бројните повозрасни луѓе кои можете да ги убиете. Знам дека не сте вие виновни, но ве молам, послушајте нè и напуштајте ги своите домови само во итни случаи – вели тој.

Објавата на хирургот е споделувана илјадници пати на Фејсбук, а голем број на Италијанци му се заблагодарија на советите.

Италија во моментов е во целосен карантин поради коронавирусот, а на граѓаните им е дозволено да се движат само поради здравствени или професионални потреби.

The post Лекарите во Италија во тешка ситуација: Во зависност од возраста и здравствената состојба, прават избор кого ќе спасат appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....