19.8 C
Скопје
18:01 - 2 мај, 2024

Лекарите предупредуваат: Загадениот воздух ќе биде трансмитер на ковид-19 во зима!

Повеќе од извесно е дека ПМ 10 честичките, чија концентрација во воздухот во зимскиот период во земјава е традиционално енормно висока, ќе бидат пренесувачи на коронавирусот. Здравствените експерти како и дел од членовите на Комисијата за заразни болести за ,,Слободен печат” потврдуваат дека овие честички ќе претставуваат трансмитери на коронавирусот и за граѓаните да се заштитат од ова дополнително негативно и ризично влијание, ќе се воведе мерка за задолжително носење маска или заштитен шал или друга прекривка на носот и устата дури и на отворен простор, надвор, без разлика дали некој е во непосредна близина на други луѓе.

Социјалната дистанца и понатаму игра клучна улога во заштитата на населението од коронавирусот, меѓутоа, ова ќе биде важно повеќе за канцелариите во институциите и другите простории на затворено.

– Да, дефинитивно ПМ 10 честичките ќе бидат нешто како ,,носачи” на коронавирусот. Тие се дополнителен фактор кој го иритира респираторниот систем и може да придонесе да се заработи некоја респираторна болест, слично како што пушачите имаат поголем ризик од вакви болести. Носењето на заштитна маска, шал или друга прекривка на носот и устата би помогнале поради смогот. Еве погледнете ги Јапонците, тие постојано носат маска поради смогот, дури и пред коронавирусот. ПМ 10 честичките во зимскиот период се проблем и подобро би било и поради коронавирусот и поради разните грипови и настинки воздухот да биде топол, доколку граѓаните носат шал, па така да се намали концентрацијата. Ова се сепак честички кои ја иритираат слузницата на респираторното стебло кое потоа е поосетливо на вирус, изјави за ,,Слободен печат” доктор Стојанов.

Научните кругови уште од јуни истражуваат и објавуваат публикации за поврзаноста на коронавирусот и загадениот воздух, односно дека тие, кога одат рака под рака, загаденоста е само отежнувач на ситуацијата.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека подоцна во есенските месеци задолжителните маски на отворено се можна опција.

– Ќе процениме дали носењето маски треба да се препорача подоцна во есенските месеци и зимските месеци за луѓето да се штитат и од настинки, но и од загадениот воздух, поради тоа што има одредени публикации кои укажуваат на тоа дека со ПМ честичките вирусот патува подалеку, многу повеќе од метар и половина до два. Тие вирусот го шират побрзо и подалеку, рече Филипче.

Подрачјата со висока загаденост на воздухот би требало да преземаат додатни мерки за претпазливост за време на пандемијата со ковид-19. Најново истражување спроведено од училиште во склоп на Харвард од Бостон, покажува дека загадувањето на воздухот е во директна корелација со поголема смртност на оние што се заразени од коронавирусот. Анализата утврдила дека малиот пораст на нивото на загаденост во воздухот години пред пандемијата, е поврзано со пораст на смртноста од 15 проценти.

Истражувањето спроведено во САД наведува дека кога воздухот во Менхетен би бил малку почист во минатото, би можел да спаси стотици животи. Ова сугерира дека луѓето во позагадени средини се во поголем ризик од умирање од оние кои живеат во почисти подрачја. Според експертите, загадениот воздух би можел да го зголеми ризикот од акутни респираторни проблеми и срцеви заболувања.

The post Лекарите предупредуваат: Загадениот воздух ќе биде трансмитер на ковид-19 во зима! appeared first on Слободен печат.


Лекарите предупредуваат: Загадениот воздух ќе биде трансмитер на ковид-19 во зима! was first posted on октомври 6, 2020 at 11:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....