24.8 C
Скопје
14:56 - 5 мај, 2024

„Лајка“ се уште не профункционира, а директорката година ипол зема плата

Во март минатата година Тина Петрушевска беше назначена за директорка на ЈП Лајка, стационар за вдомување на бездомни животни, кој до ден денеска се уште не профункционира. Оттогаш се поминати 18 месеци, за кои на директорката и се исплатуваат плати за раководство на непостоечко претпријатие.

Во претпријатието има уште седум други вработени, коишто чекаат да добијат задолженија за работа, како би ги оправдале платите кои редовно ги земаат.

Дополнителен револт кај згрижувачите на уличните кучиња предизвика и неодамнешната објава на Асоцијацијата на активисти за права на животните во која се гледа дека значителна сума на средства е издвоена за опремување на стационарот.

-Лајка до сега милион пати требаше да биде отворена и да се третираат кучињата на хуман начин залови-стерилизирај-врати на локација, а не да се дозволи неконтролирано размножување на кучињата и стварање глутници по улиците, а со тоа и раст на револтот на луѓето кој никогаш не бил поголем, реагира една од активистките за права на животните.

Директорката на Лајка, кратко одговори дека прави јавни набавки со одлука од Управен одбор на претпријатието.

-Во моментов ги правиме последните подготовки и очекувам многу наскоро Лајка да почне да работи. Што се однесува на набавките, тие се прават со одлука на Управниот одбор, рече Петрушевска.

Активистката за права на животните и советник во Град Скопје, Драгана Велковска денеска за Слободен печат рече дека поднела барање за разрешување на в.д. директорката на Лајка, поради како што вели злоупотреба на службената должност.

Таа барањето за разрешување го објави и на нејзиниот личен фејбук профил

– Денес поднесов барање за разрешување на в.д. директорката на ЈП Лајка до градоначалникот поради скандалозната злоупотреба на службената положба за која јавноста дозна од здружението
Daisy Family Rescue и поради очигледното сомнително трошење на јавни пари. Барањето за нејзино разрешување е поддржано од 8 скопски здруженија за заштита на животни и од 13 национални здруженија и активистички групи за заштита на животни кои се солидаризираа со скопските активисти.

Активисти од цела Македонија бараат нејзино итно разрешување и именување на долгогодишен активист-волонтер за заштита на животните кој ужива углед меѓу активистите и кој од нив ќе биде номиниран, се вели во барањето на Велковска.

До градоначалникот на Град Скопје денеска се уште не беше стигнато барањето за разрешување на директорката на Лајка. 

Тој на прашање на Слободен печат потврди дека Петрушевка зема месечен надоместок откако е започнат нејзиниот работен однос, без оглед на тоа што претпријатието година и пол откако е формирано, се уште не почна да работи. 

The post „Лајка“ се уште не профункционира, а директорката година ипол зема плата appeared first on Слободен печат.


„Лајка“ се уште не профункционира, а директорката година ипол зема плата was first posted on септември 30, 2020 at 3:08 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....