10.8 C
Скопје
07:03 - 7 мај, 2024

Кризата засега не влијае врз депозитите: Граѓаните не чепнале по заштедите, ама бараат повеќе кредити

Минимален раст на износот на парите што го имаат граѓаните во банките, во август во однос на јули, евидентира Народната банка. Домаќинствата на сметките во банките во август имале 4,48 милијарди евра, но ако се земе предвид дека во овој износ веќе ги нема парите што беа во Еуростандард банка, реалниот раст на депозитите на населението во август е 0,1 процент во однос на претходниот месец, премета централната банка.

Овој податок покажува дека граѓаните, генерално, сѐ уште не чепкаат по заштедите, но дека и немаат пари за штедење. Во изминатиов период имаше континуиран раст на депозитите, така што во август, граѓаните на сметка имале за 8 проценти повеќе пари отколку минатиот август, но поради случувањата со Еуростандард што „избришаа“ речиси 100 милиони евра депозити од домаќинствата, годишниот раст е 5,7 проценти.

Најголем раст на негативните салда

Податоците покажуваат дека, иако многумина се откажаа од отплатата на земените кредити во рок од шест месеци, за што ќе платат камата од 39 милиони евра, вкупниот износ на земени кредити продолжува да расте и по прогласувањето на пандемијата со ковид-19. Со исклучување на податоците за кредитите на домаќинствата на банката во стечај, растот на месечно ниво е 1,2 проценти, а на годишно дури 10 проценти.

Народната банка анализира и какви кредити најмногу бараат граѓаните. Раст има само на кредитите за преживување, најмногу се зголемил износот на негативните салда, а зголемување има и кај потрошувачките кредити и кредитните картички.

Податоците покажуваат дека заклучно со август, населението се кредитира со вкупно 2,94 милијарди евра. Од нив, 1,57 милијарди евра се дадени како потрошувачки кредити и износот на овие кредити е зголемен за 0,4 проценти во однос на јули, но ако се гледа на годишно ниво, зголемувањето е 9,6 проценти. Втори по учество во вкупните кредити се станбените кредити и се во износ од 896,5 милиони евра, што е за 0,3 проценти помалку отколку во јули. Со позајмени 188 милиони евра, кредитните картички го заземаат третото место во вкупното кредитирање на населението. На кредитни картички, во август, населението се задолжило за 0,1 проценти повеќе отколку во јули, но на годишно ниво споредено со ланскиот август, задолжувањето е намалено за 3,7 проценти. Износот на негативни салда е 100 милиони евра и има раст од  2,1 проценти.

Фирмите имаат повеќе пари во банките

Фирмите во банките имаат 1,8 милијарди евра. Овој податок покажува дека корпоративниот сектор во август на банкарските сметки чувал за 1,3 проценти повеќе пари отколку во јули. Овој износ е дури и поголем ако се земат предвид заглавените пари во Еуростандард банка. Во тој случај може да се види дека депозитниот раст кај фирмите бил 2 проценти. Фирмите забележале и годишен раст на депозитите (во однос на ланскиот август) за 5,8 проценти, а со коригирани податоци за депозитите од Еуростандард, растот е 6,5 проценти. Ова се оптимистички податоци во однос на вкупниот износ на парите кај фирмите, но тоа сугерира и на воздржаност од инвестирање.

Што се однесува до кредитирањето на фирмите, тоа е намалено.

„Кредитите на корпоративниот сектор, овој месец, се пониски за 3,1 проценти во споредба со претходниот, како резултат на намаленото кредитирање во денари. На годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 4,8 проценти, под влијание на растот на кредитите во денари и странска валута, кој е поизразен кај кредитите во странска валута. Доколку се исклучат податоците за кредитите на банката во стечај, кредитите на корпоративниот сектор, во август бележат месечен пад од 0,6 проценти, при годишен раст од 7,6 проценти“, извести Народната банка.

The post Кризата засега не влијае врз депозитите: Граѓаните не чепнале по заштедите, ама бараат повеќе кредити appeared first on Слободен печат.


Кризата засега не влијае врз депозитите: Граѓаните не чепнале по заштедите, ама бараат повеќе кредити was first posted on септември 22, 2020 at 1:07 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....