3.8 C
Скопје
03:15 - 17 ноември, 2024

Кривокапиќ: Контурите на новата влада на Црна Гора се договорени, се размислува за мандатар

Лидерите на трите опозициски коалиции кои победија на парламентарните избори во Црна Гора ги претставија основните насоки на идната експертска влада, нагласувајќи дека нивната цел е членство на Црна Гора во Европската Унија, како и да преиспитаат одредени закони, меѓу кои и Законот за слобода на вероисповед, како и носење на законот за потекло на имот и законот за лустрација.

На прашањето дали коалицијата на овие три групации е завршена работа, лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора”, Здравко Кривокапиќ, како гостин во емисијата на ТВ Вијести, рече дека се договориле многу брзо и лесно.

– Кога имате јасни принципи и јасна цел, луѓето лесно се согласуваат. Бевме водени од гласот на народот, а не од гласот на политиката, рече Кривокапиќ, кој дополни дека сè уште не размислува кој ќе биде мандатар.

Тој истакна дека опозицијата ја победи ДПС на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, „под негови услови, на негови избори”.

Кривокапиќ рече дека првото нешто што ќе го стори владата е да ги продаде двата автомобила „мајбах” и да ги врати парите на граѓаните. Додаде дека подадената рака кон националните малцинства е вистинска и оти нема да тргуваат, како што тргувал ДПС.

Лидерот на коалицијата „Мирот е наша нација”, Алекса Бешиќ рече дека ова не е ниту проруска ниту просрпска ниту проалбанска, туку процрногорска власт и најави дека ќе нема промени во курсот на надворешната политика.

– Нашата цел е да ја воведеме Црна Гора во Европската унија, рече Бешиќ.

Лидерот на коалицијата „Црно на бело”, Дритан Абазовиќ, смета дека новата влада треба да дејствува „спротивно од старата” и предупредува дека Црна Гора ќе се соочи со тешка есен и зима во економска смисла.

– Важно е да се прифати концептот на експертска влада, нагласи Абазовиќ.

Тој рече дека има многу закони што треба да се ревидираат, вклучувајќи го и Законот за слобода на вероисповед. Абазовиќ повтори дека Ѓукановиќ е „неважна личност” од неделата вечер, што, како што рече, е многу добро за Црна Гора.

– Можно е да пробаат некои опструкции. Би било добро, по формирањето на владата, Ѓукановиќ по неколку месеци да даде оставка и да распишеме претседателски избори, рече Абазовиќ.

The post Кривокапиќ: Контурите на новата влада на Црна Гора се договорени, се размислува за мандатар appeared first on Слободен печат.


Кривокапиќ: Контурите на новата влада на Црна Гора се договорени, се размислува за мандатар was first posted on септември 4, 2020 at 8:42 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....