-1.2 C
Скопје
22:10 - 23 ноември, 2024

Короната го истенчи домашниот буџет: Картичките како мелем за душата

Знаете ли кое е најпоставуваното прашање деновиве: „Те има ли на списокот?“ Далеку е 18 јули, ама граѓаните по системот „јас сум должен да проверам“, буквално го опседнаа сајтот „kupuvamdomasno.gov.mk“, за да видат дали ќе добијат платежна картичка за купување домашни производи. И старо и младо, а некои само од чисто љубопитство, најчесто безуспешно, ама упорно пребаруваа на посочената адреса на Министерството за финансии. Иако најголемиот дел од банкарските експозитури сѐ уште не работат, пред некои од нив вчера попладне се врткаа приличен број случајни минувачи, со надеж дека веќе има истакнати листи. Разбирливо е. Колку што се памети, ова е првпат во историјата граѓаните да добијат некаков паричен подарок од државата. Се разбира не во кеш, но барем малку ќе го закрпи домашниот буџет, кој се истенчи по јуришот во продавниците.

Ѓаволот ја однел шегата

Од почетокот на епидемијата се донесоа стотина уредби, а устите на политичарите беа полни со прогласи дека покрај здравјето на граѓаните, мора да ја заштитиме и економијата. Но, економистите уште во март побараа државата во оваа криза да ги заштити и граѓаните, а не само фирмите. За нив беше најважно да се забрани отпуштање работници за време на кризата, мораториум на присилна наплата и извршување, и замрзнување на обврските за камати кон банките. Вакви мерки воведоа некои европски држави.

Кога се виде дека „ѓаволот ја однел шегата“ и дека оваа пандемија нема да заврши ни брзо, а ни евтино, Владата воведе забрана за извоз на пченица и брашно од пченица кон сите земји за неограничено време. Царинската управа и Министерството за земјоделството беа задолжени да го следат трендот на извоз на масло за јадење, ориз, кондиторски и пекарски производи. Откако итрите трговци почнаа како порано да ја користат ситуацијата, беа замрзнати цените на лебот, солта, зејтинот, млекото и млечните производи, јајцата, брашното, месото, тестенините, како и на лековите и на дезинфекциските средства.

Зголемени сметки

Но, додека граѓаните ги броеја мачните часови во карантин, стигнаа и авансираните сметки за струја за април (со образложение дека броилата не се читани), но и најавата дека трите енергетски компании доставиле барања до Регулаторот за определување нова цена и тарифи на електричната енергија. Реакции се појавија и за ставката од 20 проценти за одржување на градското зеленило, која ги зголеми сметките за вода. Нели е малку непристојно во време кога секој се плаши да не се зарази или да зарази некој друг, да си ја мачиме главата и со нови поскапувања!?

Со или без корона, реалниот приказ на стандардот на нашите сограѓани е дека стапката на невработеност засега е 16,2 отсто. Речиси 60 отсто од месечните приходи се трошат само за храна и сето ова под плаштот на фактот дека најголемиот дел од приходите во семејствата се од плата. Добар дел од нив го крпат месецот и со пензиите на постарите членови, а некои преживуваат и од земјоделските приходи. Вкупно 324.479 корисници се на листата за Домашна платежна картичка, а Владата за тоа ќе потроши околу 28 милиони евра. Ова ќе придонесе за ревитализирање на македонската економија во услови на ковид-19, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска. Граѓаните се веќе распределeни во банките. Финансиската поддршка се добива едноставно и лесно и без постапки за аплицирање, а парите се строго наменски за домашни производи и за домашен туризам.

The post Короната го истенчи домашниот буџет: Картичките како мелем за душата appeared first on Слободен печат.


Короната го истенчи домашниот буџет: Картичките како мелем за душата was first posted on јуни 11, 2020 at 12:12 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....