18.8 C
Скопје
16:04 - 3 мај, 2024

Короната е сѐ уште тука, но ќе има присилна наплата на данок и фирмарина

Градските власти ги известија скопјани дека почнуваат со присилна наплата на неплатените обврски по основа на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година, притоа потсетувајќи дека ова го прават согласно со Законот за даноците на имот. Со тоа, повеќе од очигледно е дека повеќе не важи нивниот став даден во март годинава, набрзо откако почна пандемијата со ковид-19, дека нема да врши присилна наплата, кон сите даночни обврзници во Скопје што имаат неподмирени долгови, додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот.

Напротив, во вчерашното соопштение се вели дека одамна е поминат рокот за плаќање данок и фирмарина за минатата година, па следува присилна наплата.

– Во тековната година во март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица што вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата, кои ќе бидат доставени до даночните, односно до таксените обврзници. Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници што по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, треба да ги подмират своите обврски. Напоменуваме дека доколку по ваквото решение не се постапи, се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки – информираа од Град Скопје.

Соопштението наиде на остри реакции на граѓаните, кои бараат објаснување за ваквиот потег на Градот.

– Како не ви е срам. Во средината на март во пандемија на затворени фирми со нула денари приход им праќате опомени за долгови за фирмарина, па блокирања сметки. Со што да ги платиме тие фирмарини кога не нѐ оставате да работиме како што треба, да не треба да продадам опрема од фирма за да ви исплатам фирмарина? Ужас од држава, ужас! – коментира Тања Блажевска под објавата на Град Скопје.

Граѓаните реагираат и на висината на фирмарината од 7.000 денари на која им се доставени решенијата, иако градоначалникот Петре Шилегов пред неколку месеци изјави дека износот на оваа давачка ќе се намали. Потсетуваат и на тоа дека официјално беше соопштено дека нема да се врши присилна наплата додека трае кризата со коронавирусот.

Град Скопје во март годинава испрати решенијата за данок на имот и фирмарина и опомени за неплатен долг за минатата година. Откако јавноста жестоко реагираше од Градот стигна објаснување дека решенијата биле испратени пред да се случи епидемијата со коронавирусот во нашата држава, но поради новонастанатата состојба нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници.

– Градот Скопје, согласно со одредбите на Законот за даноци на имот и Законот за комунални такси, на почетокот на март како и секоја година почна со процесот на достава на решенијата за данок на имот до сите физички и правни лица на територијата на град Скопје, како и решенијата за комунална такса-фирмарина до сите правни лица регистрирани на територијата на град Скопје. Истовремено се доставија и опомени за неплатени решенија за данок на имот и фирмарина за 2019 година на сите обврзници, кои не го подмириле долгот за 2019 година, но по кои нема да се постапува сѐ додека важат препораките на Владата – пишуваше тогаш во соопштението.

Состојбата со коронавирусот сѐ уште е непроменета, напротив се очекува есенва и да се влоши, на сила сѐ уште се некои од препораките на Владата, а најавени се и нови мерки и препораки за периодот што следува. Токму затоа за граѓаните е сосема несфатлив новиот потег на Град Скопје.

The post Короната е сѐ уште тука, но ќе има присилна наплата на данок и фирмарина appeared first on Слободен печат.


Короната е сѐ уште тука, но ќе има присилна наплата на данок и фирмарина was first posted on септември 24, 2020 at 7:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....