13.8 C
Скопје
14:27 - 18 декември, 2024

КОРОНАГЕДОН: Дали ни претстои радикално менување на светот кој досега го познававме?

Светот е соочен со медицински, но и со економски искушенија без преседан… Особено што се соочува со пандемија и број на брзо инфицирани лица ширум светот. Државите воведуваат вонредни мерки, затвораат граници, воведуваат полициски час за ограничување на движењето на луѓето, сметајки дека така ќе го намалат ширењето на коронавирусот. Речиси цел свет е ставен во карантин, а луѓето, покрај оние инфицираните, и засега здравите, се ставени во самоизолација.

Бројката на починати и заразени расте. Жариштето на вирусот, земјата од каде сето ова почна, Кина, како светски лидер на заболени и починати, ги брои жртвите и ги евидентира новозаболените. Во исто време им помага и на останатите држави во светот преку своите искуства да се справат со вирусот, и им укажува на грешките што тие ги направија и кои доведоа до ширење на вирусот.

60 милиони жители на Италија се во карантин / 18 март 2020, Рим, Италија /EPA-EFE/Massimo Percossi

Главната грешка секако е потценувањето на вирусот, постапка која ја направија речиси сите европски држави, а најмногу Италија. Нејзината област Ломбардија се нарекува европски Вухан, поради огромниот број заболени и починати, но и главен извозник на вирусот во останатите држави. Со рапиден број на новозаболени и новопочинати се соочуваат и Шпанија, Франција и Германија. Токму канцаларката Ангела Меркел соопшти дека и таа е во самоизолација поради нејзините контакти со заболен од ковид-19, што ја прави потенцијално заразена од коронавирусот.

Сепак, засега барем може да се издвои еден оптимистички податок. Во светот досега од коронавирусот се излекувани 92 илјади луѓе, што покажува дека овој вирус не е непобедлив, туку можеби е резултатат на лошото организирање и потценување на неговата способност да загрозува човечки животи.

Она со што малкумина во моментов се занимаваат се последиците.

Сите ги бројат излекуваните, но никој, барем јавно, не соопштува какви последици ќе носат излекуваните лица од коронавирусот.

Германските здравствени власти веќе наведуваат дека во поголем број случаи на излекувани од ковид-19, опоравените пациенти имаат проблеми со функционирањето на делови од белите дробови. Тоа значи дека излекуваните пациенти, и тие кои го преболеле вирусот, нема да бидат исти, со иста здравсвена состојба, како што биле пред да заболат. Она што е утешно пак е дека тоа најверојатно нема да биде трајна последица туку, барем засега се смета како последна фаза на болеста пред нејзиното излекување.

Покрај здравјето, веќе наголемо се врти и тезата дека светот нема да биде ист пред и по појавата на коронавирусот. Во очекување да се види веродостојноста на промените, еден податок кој оди во прилог на горенаведената теза е дека коронавирусот ги спојува непријателите. Трамп му понуди соработка на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во борбата со коронавирусот.

Американските медиуми наведуваат дека претседателот на САД му честитал на севернокорејскиот лидер за неговото наводно успешно справување со коронавирусот во Северна Кореја. Од друга страна, според официјалните податоци на комунистичка Кореја, во духот на режимот кој таму владее, се наведува дека во Северна Кореја засега нема ниту еден заболен од коронавирус.

Земајќи го предвид овој факт, логично е да се заклучи дека коронавирусот е изговор за затоплување на студените односи меѓу државите, во случајот Вашингтон и Пјонгјанг.
Што се однесува до останатите геостратешки поместувања, засега е јасно само дека светот се менува и дека појавата на коронавирусот ќе предизвика огромни промени во односите на државите во светот.

Трговец ја брише потта од челото 15 минути по отворањето на Берзата во Њујорк / 16 март 2020, Њујорк, САД / EPA-EFE/JUSTIN LANE

За почеток, оваа пандемија навестува дека по медицинската, речиси сигурно ќе дојде и огромна економска криза. САД влегуваат во рецесија, многу од сегашните суперсили навестуваат финансиска криза. Особено на Европа и се заканува неизвесна економска иднина ако се земе предвид дека покрај одлуката да не се увезува евтина работна сила од трети земји преку мигрантскиот бран, сега и коронависурот сигурно ќе ги затвори вратите на европа за евтината работна сила.

Предвидувањата за глобална рецесија во 2020 година најверојатно ќе го турне светот во нови геостратешки надмудрувања, поместувања, конфронтации. Веќе не се крие дека светот по коронавирусот ќе биде составен од многу богати и многу сиромашни. Но едно ќе треба да биде главното прашање: Што човештвото ќе извлече како поука? Или ќе продолжи да биде разединето на моќници и поданици.

Profimedia

The post КОРОНАГЕДОН: Дали ни претстои радикално менување на светот кој досега го познававме? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....