3.8 C
Скопје
21:09 - 21 декември, 2024

КОРОНА-УПИСИ НА УКИМ: Сите потребни документи ќе се приложуваат од дома

Во период кога сите институции функционираат според одредени протоколи поради пандемијата со Ковид-19, ниту образовниот процес не е изоставен, а токму поради коронавирусот минатата учебна година за основците, средношколците, но и студентите заврши он лајн.

Сега понатамошното функционирање на образовниот систем одново се наоѓа пред нов предизвик, а тоа е како да се организира наставата и наставниот процес од септември. Кога станува збор за факултетите, потребно е секој Универзитет да приготви начин за тоа како ќе се одвиваат уписите, кои ќе започнат во втората половина на август.

Токму за да се спречат редиците гужви пред шалтерите за студентски прашања, како и да се спречат гужвите во пошта каде голем број студенти чекаат за да уплатат семестар, „Универзитетот Кирил и Методиј“, се одлучи оваа година целиот процес на уписи да го спроведе електронски.

Ова го потврди и првиот човек на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски. Иако се уште не се утврдени сите детали за уписите, на самата страница на Универзитетот веќе стои објаснување за тоа како идните студенти треба да ги поднесат документите.

Тоа значи дека свидетелствата од сите четири години од средно училиште, како и државјанството, изводот на родените и сите други потребни документи, секој кандидат ќе треба да ги скенира и потоа да ги стави во „iKnow“ системот приспособен за оваа намена.

Концептот се очекува да биде ист за сите факултети при УКИМ, при што оваа година поените на кандидатите ќе се пресметуваат од оценките во текот на изминатите четири години, бидејќи матурантите за првпат не полагаа државна матура поради пандемијата.

„Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на „Upisi.ukim.mk“ и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта на една од електронските адреси кои факултетите ќе ги објават за пријавување на кандидатите. Во предмет (Subjekt) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на пријавата, треба да се прикачат (Во Attach File) скенирани следниве документи:

1.Пријава за запишување (Образец А1)

2. Електронска пријава (Од iKnow-системот)

  1. Оригинални свидетелства од сите класови

4. Извод од матичната книга на родените

5. Доказ за државјанство на РСМ (Уверение или решение)

6. Потврда за уплата“, стои во објаснувањето на УКИМ за тоа на кој начин треба да се скенираат и приложат наведените документи.

Во врска со изборот на кандидатите, од УКИМ најавуваат и дека на некои факултети е можно да се полага квалификационен тест за да се направи селекција, но тоа дополнително се очекува да биде соопштено, бидејќи се уште се чекаат и сите информации за самите уписи.

-Дополнителни информации ќе бидат објавени на сајтот при УКИМ. Засега се уште не е дефинирано во целост како ќе изгледаат уписите оваа година – вели Иванка Василевска Македонска, професорка на правниот факултет „Јустинијан Први“.

Од друга страна пак, додека се уште нема конечна одлука, Универзитетското студентско собрание –УКИМ, објави предлог измени на правилникот за студирање и постапката за запишување и студирање на прв и втор циклус на студии.

Предлогот за измени содржи формулар преку кој секој студент може да го изнесе својот став и да даде свој придонес во процесот на создавање на наједкватен начин за запишување на факултет, но и за свои предлог-промени во самиот процес на студирање.

„УСС-УКИМ отпочнува процес на јавни консултации во врска со предлог-измените на „Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв и втор циклус студии“. Овие јавни консултации се спроведуваат со цел да подготвиме предлози за измени во горенаведениот правилник, кои ќе бидат во интерес на студентите и нивните потреби.

Вашите предлози можете да ги поднесете преку овој формулар, најдоцна до 7 август 2020, 19:00 часот. По завршување на постапката за поднесување на предлози, УСС-УКИМ ќе организира јавна седница на која ќе бидат разгледани сите предлози за измени и ќе биде дефиниран конечен предлог-правилник за студирање кој ќе биде доставен до Универзитетот“, стои во соопштението на Универзитетското Собрание.

Без разлика на тоа што и натаму се можни дополнителни измени во начинот на уписи на факултетите на УКИМ, сепак јасно е дека ова ќе бидат први корона-уписи за студентите, кои целата потребна документација ќе ја приложуваат по електронски пат.

The post КОРОНА-УПИСИ НА УКИМ: Сите потребни документи ќе се приложуваат од дома appeared first on Слободен печат.


КОРОНА-УПИСИ НА УКИМ: Сите потребни документи ќе се приложуваат од дома was first posted on август 1, 2020 at 9:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....