22:39 - 22 декември, 2024

„Кон езерото“: Приказната за Охрид и Преспа на Капка Касабова привлече огромно внимание во Британија

Откако Капка Касабова (47) доживеа огромни успеси со нејзиното дело „Граница: пат на работ на Европа“, опис на тракискиот регион кој во денешни граници е поделен меѓу Турција, Грција и Бугарија, таа со „Кон езерото“ ја раскажа приказната за Охридското и Преспанските Езера, регионот и древното тромеѓе кое денес ги дели Македонија, Албанија и Грција.

„Кон езерото: Балканското патување на војната и мирот“ предизвика многу внимание кај британските медиуми, кои книгата ја видоа како добро истражено дело за македонските езера старимилиони години, сведоци на различни историски цивилизации кои се менувале, додека самите тие останале безвременски сведоци на вековните промени.

„Географијата ја обликува историјата – ние генерално го прифаќаме ова како факт“, пишува Касабова во нејзиното претставување на делото. „Но често не истражуваме како семејствата ги дожиуваат големите историско-географски факти, како истите го красат нашиот внатрешен пејзаж“.

Анастасија, бабата на Капка Касабова, била родена во Охрид, а потоа се омажила за човек од Бугарија и во 1947 година заминала да живее во Софија. И покрај тоа, семејството често патувало покрај двете најголеми македонски природни езера, попатно станувајќи инспирација за авторката.

Вилијам Аткинс, во својата објава на престижниот британски медиум „Гардијан“ вели:

„Касабова во својата книга оди подлабоко од сегашната поделба на границите во овој регион, трагајќи по историјата на душите и физикусот на луѓето кои тука живееле со генерации, вклучувајќи ја и самата себеси“.

„Њустејтсмен“ пишува дека делото е мешавина меѓу патепис, историска анализа и мемоар, но и интимна книга, поради фактот што авторката сама го испитала регионот – притоа собирајќи етнографски материјали и приказни за жителите кои живеат на бреговите на Охридското и Преспанското Езеро.

Касабова, која има бугарско потекло, но пишува на англиски, уште во раните детски години се иселила од регионот и во Нов Зеланд студирала литература, а денес живее и работи во Шкотска.

The post „Кон езерото“: Приказната за Охрид и Преспа на Капка Касабова привлече огромно внимание во Британија appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....