3.8 C
Скопје
22:37 - 15 ноември, 2024

Комисијата бара учениците до трето одделение да одат на училиште, подготвени се и протоколите за работа на градинките

Beќе неколку дена претставници од Министерството за образование и наука и членови на Комисијата за заразни болести преговараат за начинот на кој би се одвивала наставата од септември, а министерот за здравство Венко Филипче вчера го откри предлогот на Комисијата за заразни болести.

Филипче по вчерашниот состанок со надлежните од МОН соопшти дека Комисијата за заразни болести предлага учениците до трето одделение да одат во училиште, додека за останатите да има онлајн настава.

Од претходно и министерот за образование и наука Арбер Адеми најави дека се во игра три сценарија – Наставата да започне со физичко присуство на учениците, настава од далечина и комбинација од овие два модели, но засега конечна одлука нема.

Како што стојат работите се чини дека ќе треба да се почека до следната недела, кога Владата треба да одржи седница, на која точно ќе се утврди на кој начин ќе се одвива претстојната учебна година.

Кога станува збор за отворањето на градинките, официјален датум се уште нема, но министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека и тоа ќе биде разгледано кон почетокот на следната седмица.

– За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа ќе се направи анализа – истакна Филипче.

МТСП: Подготвени протоколите за работа на градинките

И додека и натаму е неизвесен стартот на учебната година за основците, средношколците, но и студентите, од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека веќе се објавени протоколите по кои градинките би започнале со работа кога ќе биде утврден датумот за тоа.

Од МТСП исто така информираат дека со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство е одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка.

Фото: Unsplash

„Согласно донесениот протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран родител којшто е во работен однос и дете на двајца родители кои се во работен однос, а работните задачи мора да ги извршуваат на работното место. Информацијата ќе биде изработена врз основа на податоците од сите градинки, јавни и приватни, соодветно на доставените потврди од родителите“, се вели во соопштението на МТСП.

Министерство за труд и социјална политика потсетува и дека во соработка со Комисијата за заразни болести има изработено Протокол-оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, усвоен од Владата на 29 мај оваа година. Тој беше испратен до јавните и приватните установи за деца – детските градинки за нивно постапување. Протоколот е објавен во „Службен весник“.

Претставниците на МТСП веќе појаснија дека протоколот е прифатен од страна на сите градинки и ги прилагодуваат групите согласно насоките.

„Министерството за труд и социјална политика нема добиено насоки за измена на Протоколот“, се додава во соопштението.

Градинките ќе работат со деца во помали групи, задолжително се мери температура

Според веќе објавениот протокол за работа на градинките, се ограничува бројот на деца во една група: За децата до двегодишна возраст максималниот број во една група е шест деца, а за децата од 3 до 10-годишна возраст максимум е дозволено да има по петнаесет деца. Се предвидува за секоја група да има по двајца вработени во смена.

И на децата и на вработените при влез задолжително ќе им се мери температура. Вработените задолжително ќе носат маски. Внатре во градинките престојот на децата треба да се организира на начин да се избегне меѓусебен контакт на различни групи на деца во согласност со можностите.

За секое дете ќе треба да се обезбедат по две постелнини. На секои два часа, пак, да се прави дезинфекција на кваките на вратите, мијалниците, масите, столовите, а растојанието меѓу масите да биде 1,5-2 метра.

Фото: ЕПА

При приемот на децата во градинка ќе има распоред по возрасни групи на тој начин што помеѓу приемот на две групи кои влегуваат на ист влез ќе треба да помине период од 10 минути.

Родителите ќе треба да достават и лекарска потврда од матичен за здравствената состојба на детето, а пишува дека е потребно и „установата да обезбеди потврда од родителот дека работните задачи задолжително мора да ги извршува на работно место, без можност за работа од дома“.

Останува уште да се почека следната недела, кога се очекува да се знаат повеќе детали за тоа кога повторно децата би можеле да посетуваат градинки.

The post Комисијата бара учениците до трето одделение да одат на училиште, подготвени се и протоколите за работа на градинките appeared first on Слободен печат.


Комисијата бара учениците до трето одделение да одат на училиште, подготвени се и протоколите за работа на градинките was first posted on август 13, 2020 at 2:10 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....