2.8 C
Скопје
20:47 - 23 декември, 2024

Колку ќе трае закрепнувањето? Одговорот на ова клучно прашање се крие во четири букви

За разлика од досегашнаите кризи, за кои ги знаевме причините и начинот како да ги запреме, пандемијата од овој вирус кој ни е малку познат во голема мера ги ограничи и економистите и политичарите. Додека медицината и фармацијата не пронајдат решение, последиците од економската парализа, но и рокот на нејзиното траење ќе останат непознати. Затоа се поставува прашањето што би се случило кога веќе еднаш, па макар и привремено, ќе се ослободиме од вирусот.

Мерките кои ги презедоа државите со цел да го ограничат ширењето на вирусот и да му овозможат проток на здравствениот систем штрашно удрија по светската економија.

Дел од аналитичарите предупредуваат на времена ограниченост со овие мерки, како и на неодржливост во услови на долгорочни замрзнување на бизнисите.

Време е да се размислува како да го уништиме вирусот, а истовремено да го скратиме времетраењето на економскиот шок.

За да ни успее тоа би морало да воспоставиме правила на однесување кои понатаму ќе се спротиставуваат на ширењето на вирусот додека истовремено создаваме услови работниците да се вратат на своите работни места, на своите родителски должности како и на социјалниот живот.

Економската и финансиската рецесија во минатото беше проследена со четири вообичаени модели, најчесто именувани со буквите „V, U, W, L“ кои даваат поедноставена слика на графичкиот проказ на промена на состојбата во економијата.

Во превод, ако „V“ донесува стрмен пад, но и брзо и силно опоравување за релативно краток период, „U“ правилникот би означувал подолготрајно задржување на „дното“, но и понатаму води кон релативно брзо опоравување, буквата „W“ означува модел двоен кризен удар, а „L“ дека следува тешка ситуација со стрмоглав пад, а рокот на опоравување тешко е да се одреди.

Најдоброто сценарио е криза означена со буквата „V“. Политички гледано, таквото сценарио бо го вовело светот во „нова ренесанса“, период на силно економско и социјално опоравување предводено од ЕУ и САД. Ова сценарио не е невозможно и зависи од тоа дали вирусот сам ќе се повлече во брзо време или дали за релативно брз временски период ќе биде пронајдена вакцина. Во овој случај економијата ќе закрепне толку брзо колку и што потона. Финансиската штета секако би била голема.

Промер за „V“ сценарио за бегство од кризата е Кина, чија економија прва се најде во карантин. Кина денеска кризата со корона вирусот ја има под контрола, а кинеската економија релативно брзо се опоравува.

Доколку кризата со вирусот потрае, а тоа го најави германската канцеларка Ангела Меркел, тогаш пред нас е сценариото под буквата „U“. Таков беше и случајот со економската криза од 2008, 2009 година, кога по формалното „еломинирање на причинителот“ на кризата, враќањето на предкризната состојба би потрајало неколку години.

Анкетата која на глобален примерок ја спроведе финансиско – консултативната компанија „Ernest&Young“ покажа дека 54 отсто од компаниите и нивните топ менаџери веруваат дека не очекува токму „U“ сценарио. Тоа се објаснува и со фактот дека и по укинување на најрестриктивните мерки економијата нема да може целосно да се отвори.

Секако дека отворањето на економијата ќе зависи и од однесувањето на вирусот, можно е после првиот да следува втор бран со што повторно би се заклучиле делови од економијата.

Економскиот раст во овој случај ќе застане, а општеството ќе воведе нови рестрикции што ќе не доведат до „дно“. Ова може да се случи поради прерано опуштање на политиките на дистанцирање, но и поради можна мутација на вирусот кој може да го промени начинот на пренесување и стапката на смртност.

Рецесиското „W“ сценарио покрај што донесува повторување и зголемено траење на кризата ќе донесе и голема опасност од значителен дополнителен пад на довербата во бизнисот и потрошувачите во владините мерки. Ниското ниво на доверба секогаш донесува намалување на потрошувачката, а потоа, последично, и пад на нарачките, нови бранови на банкрот и невработеност.

Доколку завршиме на дното на сценариото под буквата „L“, без раст би можеле да останеме со години, стапката на невработеност во овој случај би била на многу високо ниво, а животниот стандард на граѓаните многу низок и тешко поднослив. Дополнителна опасност е што долгото одржување на кризата без опоравување ќе создаде дополнителна политичка нестабилност.

The post Колку ќе трае закрепнувањето? Одговорот на ова клучно прашање се крие во четири букви appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....