5.8 C
Скопје
19:41 - 16 ноември, 2024

Кој ќе победи на изборите?

Ова е толку лесно прашање, што не заслужува драматичен одговор: Ќе победи подобриот!

Како се определува тоа што е подобро?

Дефиницијата е: Она што е попосакувано, позадоволително, поефективно – во постоечките околности.

Како што се гледа, се работи за комбинација на надеж, постигнување на одредена аспирација во догледна иднина – оти, ако е иднината недогледна, таму сите ќе бидеме мртви – во комбинација со реалноста. Ова, последново (реалноста), значи дека во нашите аспирации може (треба!) да нè водат и највисоките стандарди или идеали за тоа каде сакаме да стигнеме, но критериумот на остварливоста, односно разбирањето на потенцијалите, е оној што прогнозите ги прават да бидат сериозни, а не фантазија.

Значи, реалноста не е во придавката („подобар“), туку во именката што таа ја опишува. На пример: кој би бил против тоа Македонија да има подобра вселенска програма? Кога би имале потенцијал за некаква… И така натаму.

Со други зборови, во македонската политика да се прогнозира кој е подобар за да победи на изборите, значи да се знае од каде дојдовме, за да знаеме кон што се стремиме.

До тука е процесот рационален. Кога на тоа ќе се додадат емоциите – бидејќи луѓето не го дефинираат подоброто, а особено не во политиката (како и во љубовта!), само врз основа на фактички анализи – тогаш прогнозата за победникот на изборите наеднаш станува релативна: Треба да победи овој, ама…

Тогаш на сцената стапуваат оние кои се експерти за емоции, кои во дефиницијата за подоброто повеќе се занимаваат со попосакуваното, одошто со поефективното, за да стигнат до позадоволителното. Оти, ефективноста би можела уште и прецизно да се пресмета, но за да се постигне победничко задоволство, треба да се знае што посакува мнозинството. Тоа е тоа море, на кое треба да му се одредат обалите.

Во ваков контекст, да се вратиме на прашањето: Кој ќе победи на овие избори?

ВМРО-ДПМНЕ од почетокот знае дека, на ниво на фактите, сигурно ги губи овие избори. Рационалната анализа на ефектите од нивното еднодецениско владеење споредено со ефектите од тригодишното владеење на СДСМ – во постоечките околности! – ги носи во сигурен пораз. Во речиси сите области, рационалната споредба е на нивна штета.

Затоа заиграа на чувството на омраза (предавници, криминалци и сл.), во комбинација со подигнувањето на една од најсилните емоции во јавноста – стравот: етничките Македонци се повторно загрозени, ќе мора да се заштитат со менување на Уставот, бидејќи СДСМ и БЕСА сакаат да ја федерализираат Македонија! Плашете се, Македонци – и гласајте за нас!

Не е ни важно што, фактички, иднината на Македонија, а и на Македонците – на страна од сите изборни пропаганди – НИКОГАШ не била со убедливо побезбедна прогноза од оваа што е денеска – по заслуга на СДСМ кое, наспроти стравот, ОДРАБОТИ опиплива надеж.

Всушност, Заев – таков несовршен каков што е! – им покажа, имено, на Македонците дека немаме веќе време за губење заглавени во столетниот менталитет на губитници – дека е дојдено време со нов ентузијазам, седнати на ТАА маса, да се натпреваруваме со победниците!

Многу доцна во кампањата, на само четири-пет дена од нејзиното завршување, ВМРО влезе со тактиката за дигање на стравовите. Можеби и разбирливо, бидејќи, фактички, за страв нема никаква основа. Можно ли е да се надеваат дека наредниве денови ќе се случи нешто толку страшно, за наеднаш да ја исплашат јавноста во „своја“ изборна корист?

Конечно, покрај сите рационални и емотивни калкулации за тоа кој е подобар на избориве, недостасува и еден практичен елемент: може мнозинството и да ве сака повеќе од опонентите и да мисли дека сте подобри – но, на денот на гласањето тоа мнозинство треба да си ги врзе чевлите и да излезе да гласа за вас! Без тоа, и најдобрите губат на избори.

Според тоа, претпоставувам дека и самите можете да си го дадете одговорот на прашањето: Кој ќе победи на изборите?

Под услов врвците на време да си ги врзете на чевлите.

The post Кој ќе победи на изборите? appeared first on Слободен печат.


Кој ќе победи на изборите? was first posted on јули 10, 2020 at 8:46 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....