4.8 C
Скопје
15:11 - 21 декември, 2024

КОГА ИМАШ ИНТЕРЕСЕН ДАТУМ НА РОДЕНДЕН: Кавадарчанка родена е пред 28 години, а го слави седмиот роденден

Kавадарчанката Славица Димова Вареловска е меѓу ретките во државава што со нетрпение го чекаат 29 февруари, бидејќи полни 28 години, а го слави седмиот роденден. Годинава е престапна, па сите што дошле на свет последниот ден од месецот имаат посебна причина за славење.

– Годинава имам можност да си го славам роденденот токму на денот кога сум родена. Kога годините не се престапни, роденденот го одбележувам на 28 февруари. Но, никој од моите блиски не ми го признава тој датум за роденден, па ми честитаат дури на 1 март, открива дипломираната економистка.

Кога била мала, всушност не била свесна за овој интересен податок околу нејзиното раѓање.

– Дури кога го славев вистинскиот четврти роденден, кога наполнив 16 години, тогаш малку се замислив, ми дојде интересно, си велам на секои четири години роденден. Дотогаш не ми беше датумот на раѓање некоја голема возбуда или нешто посебно интересно. Тогаш си реков, е па добро е по нешто да се разликуваш од другите. Тоа го прифатив на 16. роденден, како тинејџер, вели Димова Вареловска.

Тогаш ги сфатила своите родители кога ѝ објаснувале за раѓањето на бележит ден. А ѝ кажувале дека биле многу среќни кога се родила. Низ годините, сите што ја запознавале, се чуделе на нејзиниот датум на раѓање, па јавно прашувале да не е можеби некаква грешка при запишувањето на денот кога е родена. Kога сфаќале дека не е шега, велеле оти се среќни што првпат среќаваат некој посебен, роден на тој ден.

– На кој и да му кажам кога сум родена вели – супер, на секои четири години славиш роденден. Некои се смеат и веднаш ме прашуваат како го славиш роденденот. Но, се случува и да се зафркаваат со мене, да ми велат дека сум малолетна и да ме прашуваат што барам со нив јас толку мала. Немој да пробуваш алкохол, коментираат за мојата малолетност. Па ми велат ќе ми подареле играчка оти сè уште сум била мала. Kога наполнив 16 години, другарките ме изненадија со торта со бројот 4, во согласност со мојот четврти роденден. Пред четири години, од нив добив прекрасен подарок, мојот лик изработен од дрво и натпис среќен шести роденден, раскажа младата кавадарчанка.

Ја прашавме дали знае за иницијативата во светот да се смени календарот со цел да нема вакви проблеми со времето.

– Искрено не би сакала да се случи тоа. Би сакала да остане како што е. Интересно е вака, мислам дека со причина сум родена на тој датум. Верувам дека сум посебна на некој начин, дека мојот датум на раѓање е дар од Бога, благодат, сигнал. Ми се чини дека има некоја магија, таинственост, симболика, но сè уште ја немам откриено тајната. Се надевам дека има нешто во фактот што сум родена токму тогаш, а не во друг ден. Јас сум една од редот на ретките, избраните, посебните и свесна сум за тоа. Многумина ми рекле дека сакаат да се на мое место, вели Димова Вареловска.

Таа и за овој роденден, како и досега, нема посебни желби, сака само да си помине убаво и да го памети седмиот роденден, кој го прославува како среќна ќерка, сестра и сопруга. Има и предлози за оригинална прослава во игротека, со јунаци од цртаните филмови.

– Не сум полнолетна уште. Полнам седум години, а веќе работам, се смее Димова Вареловска.

Барала и други лица родени на 29 февруари, но потрагата оди тешко. Сака да запознае луѓе што се родени на 29 февруари во високосна година, како што велат тиквешани.

– Би било убаво да се дружиме и да организираме различни настани како што се прави во светот. Во некои од земјите, како што можеме да видиме преку интернет, се реализираат посебни збиднувања за луѓе родени на последниот ден на февруари во престапна година, како крстосување или слично, додава Димова Вареловска за МИА.

The post КОГА ИМАШ ИНТЕРЕСЕН ДАТУМ НА РОДЕНДЕН: Кавадарчанка родена е пред 28 години, а го слави седмиот роденден appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....