13.8 C
Скопје
07:20 - 18 мај, 2024

Клуч ставаат хотели и ресторани, непрехранбените продавници живуркаат…

Бројот на заболени со ковид вирусот секојдневно се зголемува до драматични димензии споредено со бројот на жители во нашата земја, мерките за сузбивање на ширењето на заразата стануваат се порестриктивни и економијата влегува во нов шокантен период откако по пролетта, во летните месеци имаше мало подобрување на состојбата, барем ако се гледа низ призмата на отворање на кафулињата и можноста да се седи надвор, отворање на хотелите и зголемен број на домашни гости, враќање на администрацијата на работа што повлекува и зголемување на обем на работа на сендвичари, услужна дејност.

Есенското влошување на здравственатасостојба на населението се очекуваше, па оттука и мерките од четвртиот пакет кој треба да им помогнат на фирмите и на наслението што е можно полесно да се преброди овој период.

Стопанствениците особено ја поздравуват финансиската помош за плати. Дел од нив велат дека ова мерка ќе им овозможи  да ги зажржат вработените дури и ако привремено ги затворат објектите, но дел се песимисти и велат дека другите трошоци им се многу големи и не можат да ја издржат кризата.

Во Охридско-струшкиот регион дел од хотелите веќе ставија клуч, вели Крсто Блажевски од Хотелската асоцојација на Македонија.

-Работата е многу намалена. Го нема конгресниот туризам, а странски гости речиси и да немаме. Дел од хотелите, осоебно оние кои се подалеку од центарот и кои немаат ресторани, се затворија. Ако работат тие само ќе прават трошоци. Од друга страна, веќе е јасно и дека за Нова Година нема да има гости од регионот, а минатите години имавме многу гости од Бугарија, Србија и од Грција. Потоа, според протоколите треба половина сала да биде пополнета, а ние не можеме двојно да ги зголемиме цените, така што многумина се одлучуваат да не работат и да чекаат до пролет. Секако, сега е приоритет да се намали бројката на заразени и добро е што ќе се дава финансиска поддршка од страна на државата за октомври, ноемри и декеври, да не мора да се испуѓтаат работници, дури и ако хотелот не работи – вели Блажевски.

Работата не е за во кафеана, ама што со секторот

И од Независната угостителска комора велат дека ги поздравуваaт и подржуваaт генералните мерки за превенција, спречување и заштита од пандемијата Ковид-19 кои ги носи Владата, но замерат што мерките за еконосмките оператори, всушност, се сведуваат на  угостителството. Затоа, како што вели Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора. овој сектор траба да биде поддржан со посебен пает на мерки.

– Од ликвидни, стабилни и профитабилни фирми во изминатите месеци, фирмите станаа неликвидни генерирајќи загуби и обврски кон добавувачите и вработените.
Неизвесноста од пандемијата Ковид-19 која од ден во ден ни поставува нови правила на живеење и однесување создава немир и неизвесност во функционирањето на угостителската индустрија. Сведоци сме секојдневно како еден по еден наши колеги ги затвораат своите објекти со надеж дека оваа здравствена криза ќе заврши скоро и дека можеби ќе можат повторно еден ден да ги отворат вратите за гости. Ќе се радуваме ако напролет следната година половината од угостителските објекти успеат повторно да ги отворат за гости своите објекти- вели Јосифовски.

Транспортот огледало на стопанската активност

Покрај угостителството и туризмот, каде што ударот од пандемијата е највидлив, речиси и да нема стопанска гранка каде што нема намалување на производството, или пак, намалување на обемот на услугите. Намалената стопанска активност директно се рефлектира врз транспортниот сектор, кој на некој начин е и огледало на ситуацијата во целото стопанство.

Претседателката на Макам –транс, Билјана Муратовска вели дека во транспортниот сектор има големи проблеми-трошоците се огромни, а наплатата ниска.

– Каква е состојбата во стопанството, таква е и во превозот. Ние работиме според нарачки на стопанствениците. Нашата земја е увозно зависна, поголем дел од превозот се готови производи, или репроматеријали од странство. Имаме побарувања на хартија, но наплатата е лоша. Економските оператори за кои работиме имаат тешкотии и ние тешко си го наплачаме нашиот дел. Од друга страна превозот е нешто најзначајно, без превоз нема ни храна. Затоа сите држави во светот, па и нашата, сега треба да го субвенционираат позначајно превозот. Во овој сектор има микро, мали и срени претпријатија и со високи трошоци и мала наплата, лесно може да стават клуч на врата. Ако ги немаме домашните превозници како земја, треба да работиме со странски, анивните услуги се многу поскапи – вели Муратовска.

Стопанската активност може да се види со „голо око“ и при прошетката низ Скопје. Изостануваат вечерните сворки, настани, во непрехранбените продавници има големи попусти, а во продавниците за облека и чевли значително помала понуда на нови есенски модели, и многу помалку луѓе што купуваат од оба што сме се навикнале како воообичаена слика, особено на почетокот на есента.

 

The post Клуч ставаат хотели и ресторани, непрехранбените продавници живуркаат… appeared first on Слободен печат.


Клуч ставаат хотели и ресторани, непрехранбените продавници живуркаат… was first posted on ноември 1, 2020 at 4:25 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....