9.8 C
Скопје
22:40 - 25 април, 2024

Кинеските супер богаташи и во пандемија го зголемија богатството и во време на пандемија

Кинеските супер богати заработија рекордни 1,5 билиони долари во 2020 година, повеќе отколку изминатите пет години заедно, бидејќи е-трговијата и е-игрите за време на блокирањата во пандемијата бележат пик.

Дополнителни 257 лица, исто така, се приклучија на клубот милијардери во економијата број два во светот до август, по две години намалено членство, според годишната листа на Хурун.

Во државата сега има вкупно 878 милијардери.

Во САД има 626 лица кои се на списокот на супер богати од почетокот на годината.

Извештајот открива дека во август имало околу 2.000 лица со нето вредност од над 2 милијарди јуани (300 милиони американски долари), што им дава заедничка нето вредност од 4 билиони долари.

Џек Ма, основач на Алибаба, уште еднаш се најде на врвот на листата откако неговото богатство се зголеми за неверојатни 45 проценти до 58,8 милијарди долари, бидејќи мрежните трговски фирми забележаа наплив на деловна активност заради тоа што луѓето со месеци беа со рестрикции.

По него следува Пони Ма (57,4 милијарди долари), шеф на гејмерски гигант и сопственик на WeChat, Тенсент, кој заработи дополнителни 50 проценти и покрај загриженоста за изгледот на неговата фирма во САД, откако таму и се заканија забрани поради стравувања за националната безбедност.

 

The post Кинеските супер богаташи и во пандемија го зголемија богатството и во време на пандемија appeared first on Слободен печат.


Кинеските супер богаташи и во пандемија го зголемија богатството и во време на пандемија was first posted on октомври 20, 2020 at 9:29 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....