0.8 C
Скопје
11:01 - 23 декември, 2024

Ќе каже ли Дерковски кога зборува лично, а кога во името на ДИК?

Во изборното препукување меѓу власта и опозицијата за тоа кога треба да се одржат вонредните парламентарни избори се вклучи и претседателот на ДИК Оливер Дерковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја отфрла можноста Владата со уредба да го определи изборниот датум бидејќи такво нешто не пишувало ниту во Изборниот законик ниту во Уставот. Од друга страна пак, судијката Маргарита Цаца Николовска смета дека не станува збор за носење на уредба со која ќе се распишуваат избори, туку само за Уредба која ќе го одреди на датумот и тоа само во корелација со веќе претходно донесени акти за изборните активности. Според неа техничката влада, правото за носење на уредба со датум за избори го црпи од основот што државата е во вонредна состојба.

-Оваа техничка влада може да носи акти, или уредби со законска сила по основ на тоа што е вонредна состојба. Во Уставот не можат детално да бидат објаснети сите активности на една техничка влада, од причина што во него и нема одредба за техничка влада. Знаеме како е направена и дека треба да спроведе избори, но токму сега таквата влада е единствениот орган во државата кој може да носи некакви акти, од причина што Собранието е распуштено. Токму оваа техничката влада ги донесе сите акти во врска со изборите и не го гледам зошто сега не може да донесе акт кој повторно е во врска со изборите, вели Цаца – Николовска.

Повикувајќи се на Изборниот законик претседателот на ДИК Дерковски вели дека за да се организира изборно соочување мора да има и датум, без да наведе кој треба да го одреди датумот.

-Во оваа ситуација каде со уредба се прекинаа дејствија па се сака да се продолжи, никаде не пишува кој е датумот за избори и тука се настанати овие правно разно – разни толкувања од експерти кои се повикуваат или на Изборниот законик или на Уставот. Никаде во Уставот не пишува дека може со уредба со законска сила да се утврди датум на избори. Сите мора да внимаваат на ова за да не се доведеме во ситуација каде што ќе вршиме класична импровизација, вели Дерковски.

Од ДИК пак за Слободен печат велат дека изјавата на Дерковски во врска со Уредбата е личен став а не одлука на Комисијата. Според поранешната судијка на Судот за човекови права во Стразбур Цаца – Николовска, Дерковски со медиумските настапи не треба да ги збунува граѓаните.

-Секое негово лично гледање на проблемот треба да биде точно назначено за да не се создава забуна на граѓаните дека тоа е одлука донесена на состаноците со сите членови на ДИК. Тој е претседател на ДИК и ја претставува ДИК и треба точно да ги пренесува одлуките што ги носи оваа државна институција, вели Цаца – Николовска.

The post Ќе каже ли Дерковски кога зборува лично, а кога во името на ДИК? appeared first on Слободен печат.


Ќе каже ли Дерковски кога зборува лично, а кога во името на ДИК? was first posted on мај 21, 2020 at 4:14 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....