10.8 C
Скопје
08:38 - 24 април, 2024

Како Јапонија го стави коронавирусот под контрола?

Иако се наоѓа во непосредна близина на Кина, Јапонија засега бележи минимална бројка на заразени и починати од коронавирусот. Особена енигма на нискиот број на настрадани од коронавирусот, во услови на светската пандемија, дава и податокот дека Јапонијан не спроведува многу тестови, иако ги има на располагање. Јапонија е една од ретките држави во светот во која во моментов не е воведена вонредна состојба.

За разлика од Европа и САД, Јапонија засега регистрираше 1600 заразени и 52 починати. Многумина овие бројки  ги  сметаат како сомнителни и неверодостојни, ако се земе во предвид дека Јапонија е густо населена држава, која има тесни контакти со соседна Кина и Јужна Кореја, држави кои имаат голем број на инфицирани и починати лица. На целата овие сомнежи, се придодава и фактот дека Јапонија има голем број на старо население, што дополнително фрла сомнеж за ваквите бројки од пандемијата.

Но, од друга страна  владата во Токио, презеде навремени мерки за стопирање на ширењето на коронавирусот. Уште од самиот почеток владата на Шинзо Абе издздае наредба да се затворат училиштата  и да се откажат сите планирани манифеставции. Во исто вре,ме рестораните и пордавниците останаа отворени а мал број од јапонците останаа да работат од дома.

Слабото ширење на Ковид 19 во почеток беше примено со сомнеж од самите јапонци. Тие не и заборавија на владата на Абе дека не ја кажувала целосната вистина околу хаваријата на нуклераната централа Фукушима и последиците од ширењето на радијацијата. На самиот почеток од пандемијата јапонците се сомневаа дека криењето на податоците има за цел Јапонија да не ги загуби Олимписките игри на кои тебаше годинава да биде домаќин, кои во меѓувреме сепак беа откажани.

Сеапак, како една од причините за ниската бројка на заразени Јапонски граѓани се приpишува нивната култура на однесување. Јапонците се познати по високата култура на хигиена, честото миење раце и честото испирање на уста и грло со дезинфекциски средства, навика останата од честите хаварии и радијации на нуклераните елктрани. Особено што во Јaпаонија изминативе години имаше појава на епидемии како што се САРС и МЕРС, што доплнитено ги навикна јапонците да носат.заштитни маски на лицата.

Владата во Токио има обезбедено редовна количина на заштитни маски. Според официјалните податоци во Јапонија има 5, 5 милијарди заштитни  маски, или 43 заштитни маски по жител, што ги прави достапни за сите граѓани на јапонскиот остров. Како доплнителна заштита од ширењето на Ковид -19 се потенцира и културата и начинот на поздравувањето на Јапонците.Тие за разлика од останатиот свет и пред се Балканот  се поздравуваат на одредена дистанца, со поклонување, без никаков физички контакт, што доплнително го спречува ширењето на вирусот.

Сите овие постапки можеби се добар пример за останатите држави во светот, или се можеби една од опциите како да се намали ширењето на коронавирусот, и да и се спречи пандемијата.

The post Како Јапонија го стави коронавирусот под контрола? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....