4.8 C
Скопје
18:32 - 25 декември, 2024

Јово Вангеловски контра Милошоски?

Во еден ден се случија повеќе контроверзни изјави кои предизвикуваат конфузија кај народот.
Онаа ударната секако беше „бомбата“ што Антонио Милошоски ја презентираше на јавноста во која се слуша гласот на Зоран Заев како зборува нешто за законот за ЈО.
Но, тонските парчиња подготвени за оваа намена се толку конфузни што едвај нешто може да се разбере. Веројатно голем проблем при подготовката на снимката бил начинот на брзо говорење на Заев, дијалектот кој го користи, но најмногу се чинин мака на авторот им задавале недовршените мисли како стил на говорење на премиерот Заев, па не се разбира скоро ништо.

Оттаму и „бомбата“ не го постигува ефектот што требала да го има, а граѓаните останаа лишени од вистината за вмешаноста на Заев во одлуките на судот.

Да потсетиме што вели Заев:

З.З Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кој постапки со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес, знае дека на Врховен ќе се донесе таква одлука, без Заев не може да…

И таман да дознаеме што „не може без Заев“- рез.

Ако тоа е клучно во бомбата со што требало да се докаже вмешаноста на Заев во судството, тогаш зошто е скратен тој дел од изјавата? Зошто ние останавме ускратени од таа вистина.

Затоа била неопходна доплнителна експликација од страна на Милошоски која треба да ги расчисти „нејаснотиите“ кои се содржани во „бомбата“.

Па вели:

– Од самиот материјал може да се види дека Заев цело време бил во тесна и блиска соработка со Катица Јанева, која очигледно е дека без него не можела да одлучува или да постапува самоволно, и затоа може лесно да се заклучи (како) дека Заев и Јанева биле во тесна координација и за самиот случај Рекет.

Што се однесува до објаснувањето за целата содржина „бомбата“ свој демант има и самиот Зоран Заев кој вели:

– Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство.
Убаво да слушаат граѓаните како се ставани и вадени тонски парчиња во објавената снимка. Но и покрај тоа ВМРО-ДПМНЕ не успева да направи конструкција. Денес е јасно. Ние се боревме предметите да добијат правна разрешница, бидејќи како што се слуша во разговорот, таа беше загрозена. Ја добивме битката, ние бевме за законот и за правна разрешница на сите предмети од СЈО врз основа на обезбедените докази, а тие беа против законот и против правда“, вели Заев.

Полемична остана и изјавата на Заев за улогата на Врховниот суд во која тој вели:

З.З -одлуката на Врховниот суд е донесена!

Можеби расчистување на целата ситуација дава изјавата на поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангелов.

-Јас тврдам дека во месец мај 2019 година пред Врховн суд немаше активен предмет во кој тогашното СЈО се појавува како странка која не е овластен тужител во постапките согласно начелното правно мислење на овој суд. Сите тие постапки беа завршени неколку месци пред тоа.

Значи за која одлука говори Заев, ако според Вангелов во тој период воопшто немало ни случај.

Дали Заев едноставно како што вели Јово Вангелов се прави „важен“, а всушност нема никакво влијание во одлуките на судот:

– Мене објавениот разговор или монолог ми наликува на негово себепромовирање во голем моќник, но и претставување како мој пријател, вели Јово Вангеловски доскорешен претседател на Врховниот суд за Плус инфо.

Од се објавено десега изгледа дека Јово Вангеловски го демантира она што Милошоски го промовира.

The post Јово Вангеловски контра Милошоски? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....