Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес-конференција информираше дека е неизвесна трката со СДСМ.
-Проверувањето на гласовите е во тек. Можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ победи во голем број населени места. Сепак оваа трка е се уште неизвесна. Факт е дека народот сака промени, не сака коруптивна влада, туку обнова. Опозицијата покажа дека има повеќе гласови од партиите на власта. Вмро влегува во трка за нова влада. ВМРО-ДПМНЕ испраќа благодарност до сите граѓани. Со тој кредибилитет обезбедваме мнозинство за нова влада.
Во моментов е неизвесна трката и ќе почекаме до утрина за конечни резултати. Да почекаме да видиме финално како ќе бидат поделени мандатите. Трката е речиси изедначена. СДСМ и кога губеле прогласувале победа, рече Јанушев, кој дополни дека нема информација дали ќе има обраќање на лидерот Христијан Мицкоски.
Втора прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ
Publiée par Sloboden Pecat sur Mercredi 15 juillet 2020
The post Јанушев: Трката е речиси изедначена, СДСМ и кога губеле прогласувале победа (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Јанушев: Трката е речиси изедначена, СДСМ и кога губеле прогласувале победа (ВИДЕО) was first posted on јули 16, 2020 at 1:14 am.