
На социјалната мрежа Фејсбук се појавија информации дека некој се обидува да го злоупотреби името и делото на глумецот и шоумен Игор Џамбазов.
Лажниот профил на социјалната мрежа, кој се претставува дека е офцијален на Џамбазов, се обидува да изнуди пари и лажни донации за, како што е пренесено, младо момче.
Според пишувањата на официјалниот профил на Џамбазов, за овој профил е објавено уште на почетокот на месецот, но истиот се уште е активен.
The post Измамници на Фејсбук: Преку лажен профил на Игор Џамбазов барале донации appeared first on Слободен печат.