7.8 C
Скопје
16:45 - 18 декември, 2024

ИНТЕРВЈУ Зоран Заев: Самоизолацијата има голема придобивка, ја зајакнав семејната поврзаност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, велигденските празници ќе ги помине во самоизолација поради коронавирусот. Во интервју за Слободен печат тој вели дека ова се тешки времиња кои од секој од нас бараат максимална посветеност, почитување на препораките, трпеливост и солидарност. Времето во домашен карантин го поминува работно, а најмногу му недостасуваат прошетките по убавото време и возењето мотор.

Господине Заев, веќе неколку денови сте во самоизолација поради контакт со новинар кој е заболен од коронавирусот. Како го поминувате времето?

– Како и речиси сите граѓани кои добиле решенија за самоизолација и јас деновите ги минувам во мојот дом, во Струмица, заедно со моето семејство. Останувам согласно препораките дома во изолација до завршувањето на велигденските празници. Работам од дома колку што е можно, најчесто на онлајн состаноци, со моите соработници, со раководството на СДСМ и гледам да привршам до кај 16 часот. Состаноците со раководството на СДСМ и со моите соработници ги извршувам онлајн. Разговараме за актуелните состојби, за мерките коишто се спроведуваат за заштита на здравјето на граѓаните, за економските мерки, како да ги санираме последиците подобро и поефикасно, да ги сочуваме работните места, да помогнеме. Читам многу, ги следам информациите и светските проценки за коронакризата, особено во делот на економските последици.

Попладне поминувам повеќе време со семејството. Навачер читам некоја книга или гледам некој добар филм. Но, задоволен сум што има една голема придобивка од ова седење дома, поминувам повеќе време со семејството и ја зајакнав семејната поврзаност. Динамиката со која ги следевме активностите обично не оставаше време едни за други, секогаш некаде брзавме. Сега пред Велигден и за време на овој голем празник благодет е за мене и моето семејство што сме сите заедно. Нашите деца се тинејџери и верувам имаат доволно содржини да издржат во изолација, но и да го даградат својот позитивен однос кон семејните вредности.

Зоран Заев со сопругата на новогодишниот хуманитарен базар во Струмица

Секако дека е поразлично од сето она што било моја рутина до пред некој ден, но препораките и мерките на надлежните институции, на здравствените работници мора сите да ги почитуваме затоа што се за наше добро, затоа што се работи за нашето и за здравјето на тие околу нас. Да се чуваме, да останеме дома, да внимаваме на хигиената и да ги почитуваме препораките на здравстените институции. Заедно ќе успееме.

Што најмногу ви недостасува во таков амбиент?

– Тоа се сигурно прошетките и возењето мотор, особено сега кога времето е убаво и пријатно. Но, најважно е здравјето на граѓаните. Затоа мислам како да помогнам, како секој од нас да го даде својот придонес, а не на она што ми недостасува. Јас сум човек што многу комуницира, сум имал по цели денови средби со различни луѓе, со граѓани, една динамика на активности која сега не е можна. Тука се дигиталните платформи, телефоните, се наоѓа начин. Како што реков, ова потребно дистанцирање, за секој од нас е важно, затоа што на тој начин сите даваме придонес во спречувањето на ширењето на коронавирусот, а со тоа придонесуваме и епидемијата да трае што помалку.

Зоран Заев со синот Душко

Министерот за здравство Филипче најави дека од наредната недела ќе почне со подготвката за намалување на рестриктивните мерки за превенција од ширење на коронавирусот. Како гледате на таквиот чекор со оглед на тоа дека бројот на заразени расте?

– Најпрво би сакал да им се заблагодарам на сите здравстевни работници, на сите оние коишто се во првите редови во борбата со коронавирусот, за се што преземаат, за целиот нивни ангажман, пожртвуваност. Сите ние сме им бескрајно благодарни, тие се нашите херои. Како што и претходно беше најавено, овој период е многу важен но и најкритичен во поглед на ширењето на вирусот. Многу работи не може да се предвидат, но го очекуваме пикот на заразата. Најважно е да го ублажиме, врвот на епидемијата да биде благ, да нема нагло зголемување. Со мерките коишто навремено ги презедовме како држава, досега добро се држиме и очекувам тоа значително да влијае на ублажување на последиците. Ако го имаме предвид периодот на инкубација од 14 дена, а некаде пред толку денови започнаа и порестриктивните мерки, како подолга забрана за движење, рестрикции за движењето на малолетните и повозрасните лица како и серија на други заштитни мерки. Ние сме практично во секојдневна броба за спас на човечки животи. Верувам дека ќе успееме заедно. Колку ова ќе трае и какви ќе бидат здравствените последици зависи најмногу од нас, од нашето однесување и почитувањето на мерките. Зависно од развојот на настаните, може да се започне со подготовка за намалување на рестриктивните мерки но тоа секако ќе зависи од проценките на стручните лица.

Граѓаните како да не се многу дисциплинирани, бројката на заболени од ден на ден расте. Што би им порачале?

– Веќе извесен период живееме многу поразлично секојдневие и знам дека никому не му е лесно, ниту едноставно, но мора д а разбереме дека ова е важно за нашето здравје, за здравјето на нашите деца, нашите родители, нашите роднини и пријатели.Благодарен сум што граѓаните во голема мерка ги почитуваат препораките и апелирам максимално да се придржуваме до нив. Само ако сите целосно ги почитуваме мерките, ако се грижиме за хигиената, ако физички се дистанцираме, ако ги следиме препораките, многу побрзо ќе ја пребродиме оваа ситуација. Не смееме да ја потценуваме оваа глобална закана која се прошири низ целиот свет. Бројот на жртви секојдневно расте. Загубени животи има и во нашата земја, за кои сите ние жалиме. Се уште се свежи стравичните слики од Италија, од Шпанија, да не дозволиме такви драматични слики да ги гледаме овде. Да го следиме примерот на граѓаните од Дебар кои покажаа дека само со целосно почитување на задолженијата и мерките ќе ја добиеме оваа битка. Има време и за дружби, за прошетки, за рекреација, сега е најважно да седиме дома и да се однесуваме одговорно. За живот се работи. Заедно сме и заедно ќе успееме.

Вашиот опонент, Христијан Мицкоски, кој исто така е во самоизолација, е доста акативен и постојано се јавува со критики преку социјалните мрежи. Не пропушта да го искритикува работењето на власта во секој поглед, и економски и политички. Како гледате на таквиот однос на опозицискиот лидер?

– Го гледам она што го гледа и јавноста. Во време додека целата држава, сите институции се борат со глобалната пандемија, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не најдоа начин да се издигнат над ситуацијата и вистински да помогнат. За жал ништо не е променто во ВМРО-ДПМНЕ. Сведоци сме на крајно неодговорно однесување, политикантство, популизам, неосновани напади за здравствениот систем и ширење бројни дезинформации, лажни вести. Тоа граѓаните многу добро го знаат и затоа јас не сакам да се занимавам со нив, ниту со нивната неодговороност. Имаме ние поважни работи, ние не мислиме на нив, мислиме на граѓаните. Ние сме фокусирани на тоа како да помогнеме и како најефикасно да се избориме со коронавирусот, како да се справиме со економските последици. И ќе успееме. Сме се избориле со многу сериозни предизвици во минатото, ќе се избориме и со овој предизвик.

The post ИНТЕРВЈУ Зоран Заев: Самоизолацијата има голема придобивка, ја зајакнав семејната поврзаност appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....