9.8 C
Скопје
19:38 - 22 ноември, 2024

ИНТЕРВЈУ Пеева Лауренчиќ: Има безброј решенија за организирање на избори, само државните институции треба да размислат за нив

Експертот за комуникации и односи со јавност, Ангелка Пеева Лауренчиќ, во интервју за Слободен печат вели дека на овие избори ќе бидеме за првпат сведоци на нови форми и канали на комуникација со гласачите. Со поставување на поинаков систем на гласање, одредување на саатници на гласање, според возраста или, пак по азбучен ред, па дури организирање на избори во два дена, нема да бидат преголем залак доколку сакаме да го спроведеме тоа што во суштина и го прекинавме во претходниот период. За институциите задолжени за избори вели дека, додека ја чекаат одлуката на здравствените власти, треба да почнат со изнаоѓање на моделот и начинот на гласање.

Очигледно е дека пандемијата од Ковид 19 на партиите ќе им наметне нов начин на комуникација со граѓаните. Некако се наметнува мислата дека тие ќе се одржат за еден месец. Во периодот што следи, на каква изборна кампања ќе бидеме сведоци?

– Прво, прашање е во каков период и во каков контекст ќе се води таа изборна кампања. Очигледно е дека ќе немаме можност да видиме класична изборна кампања, ќе се променат формите, каналите и начинот на комуникација. Веќе добро познатите митинзи полни со енергија ќе ги немаме. Значи ќе треба да се одбере еден друг тип и начин на комуникација која што повеќе ќе се сведе на рационалност и практичност. Имам чувство дека оваа политичка кампања, покрај формата, ќе биде различна и по темите. Затоа што промените кои неочекувано го зафатија светот носат сосема логично и нови теми. Во фокус на секоја држава, па и на нашата, очекувам тие да бидат од областа на здравството, но пред се економски. Основното прашање во моментот е, не колку, туку дали ќе имаме доволно за да преживееме во периодот што следи, при тоа не мислам на државата и државниот апарат, туку пред се на граѓаните и нивните дневни потреби.

Како што рековте, ќе немаме изборна кампања на каква што досега сме навикнале. На што сега ќе се фокусираат партиите, како ќе допрат до граѓаните за да го освојат нивниот толку драгоцен глас?

– Ќе се користат сите канали, и дигиталните платформи и социјалните мрежи. Но, некои најнови истражувања покажуваат дека и телевизиите веќе имаат поголем број гледачи од тоа што имале пред да започне оваа пандемија, така што мас медиумите, дигитални, телевизии па дури да речеме и оние нај класичните, радијата, ќе бидат основните канали на комуникација со гласачкото тело. Ќе биде интересно да се види како ќе биде организиран и самиот изборен ден за кој секако ќе има потреба од различен менаџмент и различен тип на процедури од она што досега сме го виделе.

Би можело ли да се претпостави, еве да речеме, дека уште би биле на сила овие мерки што сега ги имаме поради заразата, како би се организирале такви избори?

– Сега е мај, два месеци наназад беше март. Во март бевме слободни граѓани се движевме слободно, посетувавме кафулиња, кафеани, патувавме и се беше нормално. Два месеци потоа живееме живот кој е сосема подруг од тоа време. Ако претпоставиме дека изборите ќе се за еден или два месеци од денес ние не можеме со сигурност да кажеме во каква атмосфера тие ќе се случуваат. Но, ако сепак состојбата е онаква каква што е во моментот, иако лично не верувам, се надевам дека ќе биде многу подобра, со добра организација, тие можат да се одржат. Со поставување на поинаков систем, одредување на саатници на гласање, гласање според возраста или, пак по азбучен ред, па дури организирање на избори во два дена, нема да бидат преголем залак доколку сакаме да го спроведеме тоа што во суштина и го прекинавме во претходниот период.

Кај нашите соседи, Хрватска и Србија, на кои исто така им претстојат избори, се дебатира и за други опции на гласање, освен класичното што предвидува одење на гласачко место и заокружување на изборното ливче. Дал во Македонија е дојдено време да почне да се размислува за електронско гласање?

– Мислам дека е прерано да се потпреме на новите технологии, бидејќи генерациски не сме подготвени и не ги владееме доволно како целина. Да влезете во една таква авантура за толку кратко време со сигурност значи дека ќе изгубите, односно нема да оставите простор за изразување на волјата на секој граѓанин кој има право да гласа. Сосема е очекувано дека гласачите од постарата генерација, особено во руралните средини, не ќе можат да го остварат своето право на глас, преку еден ваков електронски систем кој што за нив веројатно ќе има димензија на вселенски брод. Но, сепак да не прејудицираме, можно е и комбиниран систем. Се е прашање на менаџмент и систем и процедура. Безброј решенија можат да бидат во игра, само треба државните институции што ќе бидат ангажирани за спроведување на овие избори да седнат и размислат на оваа тема. Она што е неспорно е дека треба на секој гласач да му се обезбеди остварувањето на правото на глас, независно и по своја волја.

The post ИНТЕРВЈУ Пеева Лауренчиќ: Има безброј решенија за организирање на избори, само државните институции треба да размислат за нив appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....