Нудиме три типа на нуркање, пробно, рекреативно, и професионално нуркање. Организираме и експедиции како што се оние на Матка и други типови на активности со научно-истражувачки цели, изјави во телефонско јавување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Никола Паскали, АКВАТЕК.
-Се прилагодивме на новиот начин на работа. Работиме по американски стандарди и уште од почетокот на пандемијата се организирани обуки како да работите во услови кога во воздухот има патогени честички. Прилагодени сме и функционираме, рече Паскали.
Познатиот охридски нуркач Никола Паскали откри колонија на охридски ракови. Со подводна камера, тој ги снимил кај плажата „Акапулко”, на длабочина од девет метри.
The post И нуркањето со специјални протоколи (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
И нуркањето со специјални протоколи (ВИДЕО) was first posted on јули 27, 2020 at 8:27 am.