Фотографот на „Слободен печат“, Драган Митрески, утрово ја долови ситуацијата која непредвидливо настана откако избувна пожар во зградата на СЕП и МИА кај поранешна Комерцијална банка.
За среќа повредени лица нема, а подготвеноста и екипираноста на пожарникарите од Противпожарната Бригада на Град Скопје, како и нивната пожртвуваност доведе со стивнување на огнената стихија која утрово ја затекнаа.
Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила, а на лице место се најдоа и медицински лица кои беа одговорни за здравствената состојба на пожарникарите, после нивната интервенција.
Оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина.
Евакуирана е целата зграда во која се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.
Од инспекторатот, каде работното време почнува во 08:30 часот, велат при избувнувањето на пожарот немало вработени во нивните простории.
Пожарот е во североисточниот дел на зградата.
The post Храбрите пожарникари ја смирија огнената стихија кај Секретаријатот (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Храбрите пожарникари ја смирија огнената стихија кај Секретаријатот (ФОТО) was first posted on септември 9, 2020 at 9:23 am.