4.8 C
Скопје
02:39 - 21 декември, 2024

ХОРОР ВО ФЛОРИДА: Тројца пријатели тргнале на риболов, ги нашле застрелани и масакрирани (ВИДЕО)

Полицијата во Флорида го испитува убиството на тројца блиски пријатели кои биле претепани и застрелани на езеро додека рибареле. Тие во петокот вечерта тргнале на риболов на езерото Стрит во Фростпруф, каде биле пронајдени нивните тела.

„Најдовме ужасна сцена“, изјави шерифот Грејди Џад пред новинарите, додавајќи дека видел многу убиства, но тоа е едно од најстрашните во неговата кариера, објави Фокс Њуз.

Телата на тројца пријатели, 20-годишниот Демион Тилман, 28-годишниот Брендон Ролинс и 30-годишниот Кивин Спрингфилд, како што рече шерифот, биле масакрирани.

Тројцата пронашле оддалечено место во шумата крај езерото, но биле нападнати неколку минути по нивното пристигнување. Полицијата била известена од таткото на Ролинс, кого го разбудил неговиот син со повик за помош.

Тој дошол на местото на злосторството околу десетина минути по повикот и го нашол неговиот син како сѐ уште покажува знаци на живот, а другите двајца пријатели се веќе мртви, изјави шерифот, додавајќи дека нивниот татко ја повикал полицијата од бензинска пумпа, затоа што брзајќи го заборавил својот мобилен телефон.

Синот успеал да му каже неколку реченици на својот татко, но она што му го кажал „сè уште не е за објавување“, соопшти полицијата.

Ролинс починал пред да пристигне брзата помош.

Одговарајќи на прашањето на новинарите дали младите луѓе ги познавале убијците, шерифот одговори дека тој сè уште не може да каже ништо со сигурност, но дека „ова не е место каде што едноставно ќе налетате на некого“.

Истрагата е во тек.

The post ХОРОР ВО ФЛОРИДА: Тројца пријатели тргнале на риболов, ги нашле застрелани и масакрирани (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


ХОРОР ВО ФЛОРИДА: Тројца пријатели тргнале на риболов, ги нашле застрелани и масакрирани (ВИДЕО) was first posted on јули 19, 2020 at 10:12 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....